Македонија ќе има препорака за старт на преговори за членство со Европската унија кога ќе се примени договорот од Пржино. Таа е условена со примена на договорот од Пржино и напредок во итните реформи а се највува и нов извештај по изборите во 2016 година.
Ова денес го изјави комесарот за проширување Јоханес Хан во Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент.
Презентирајќи ги извештаите за напредокот на балканските земји и Турција, Хан изјави дека прислушувањето во Македонија покажало дека има корупција и дека има мешање на политиката во институциите што му прави штета на политичкиот систем.
Хан додаде дека сега постои договорот од Пржино, дека тоа е најдобар начин да и се стави крај на политичката криза и подвлече дека примената на договорот треба да продолжи и во изборите предвидени за 24 април 2016 година.
Извештајот на ЕК потсетува и на извештајот на групата експерти предводена од Рајнхард Прибе кој исто така треба да се примени.
Тој најави дека оваа примена повторно ќе биде разгледана по изборите. Како што јави НОВА на 29 октомври, Европската комисија ќе подготви нов извештај за Македонија.
“Договорот мора да се примени како и итните рерфоми”, додаде Хан и подвлече дека меѓуетничките односи треба да се подобрат и дека се потребни мерки за доверба.
Зборувајќи за стратегијата на проширувањето за наредниот период, Хан објасни дека оваа година има промени во извештаите. Пред се стратегијата ќе покрива период од 4 година а не една како што досега беше случај.
Според Хан, ставен е акцент на нивото на подготвеност за членство и извештаите стануваат јасен водич за земјите. Но не само за владите туку и за граѓаните кои преку оваа нова верзија на извештаите ќе можат полесно да видат и да следат на кое ниво е земјата во важните реформи како судството, борбата против организираниот криминал и корупцијата но и почитувањето на човековите права, слободата на медиумите и борбата против дискриминацијата кон хомосексуалците.
Извештаите посветуваат значаен простор врз економскиот развој кој, според Хан, оди рака под рака со политичките реформи.
Повеќе за извештајот ќе можете да прочитате на НОВА во текот на претпладнето.

