Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ќе ја добие шестата по ред препорака за старт на преговори

0
By Борјан Јовановски on September 29, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија на 8 октомври ќе ја добие шестата по ред препорака за почеток на преговорите. Со оглед на ситуацијата во земјата карактеризирана со сериозна политичка криза и нов уназадување на демократските процеси во ЕК се уште постојат дилеми околу формулацијата на оваа препорака која во долгата серија препораки ќе биде првата која сериозно ќе обрне внимание на незадоволството на земјите членки од развојот на ситуацијата во државата.

Во таа смисла препораката која ЕК ќе ја упати до Европскиот совет ќе биде или условена со подобрување на состојбите, пред се на демократите перформанси до декември кога Европскиот совет ќе ја разгледа оваа препорака, или пак таа ќе содржи квалификации кои јасно ги посочуваат слабостите во државата.

Комесарот Филе, велат за НОВА дипломатски извори, не би сакал да ја напушти функцијата со одземање на препораката што во голема мерка би го ограничило маневарскиот простор на неговиот наследник Јоханес Хан.

Вториот проблем пред кој е исправена ЕК, според анализите кои се направени, е тоа што ваквата одлука за одземање би преставувала преседан во европските интеграциски процеси.

Третата поента на анализата правена во европските дипломатски кругови во случај на одземање на препораката е ризик од дестабилизација и влошување на меѓуетничките односи во драматична насока.

Конечно во анализата е посочено и тоа дека, ако се следи оваа логика на одземање на препораката, тешко е да се брани и понатамошното продолжување на преговори со земја како Турција во која дојде исто така до криза на демократските перформанси на таа држава а во тој контекст се гледа и на состојбите во Србија и Црна Гора кои веќе го започнаа преговарачкиот процес.

ЕК како што сметаат во Брисел го бира помалото од двете зла но и понатаму без решение за тоа како да го одржи влијанието на европските интеграциски процеси кое во земјите на источна и централна Европа донесе драматично подобрување како на демократските така и на економските перформанси на тие земји.

Останува да се види како ЕК до наредната среда ќе ја формулира оваа шеста по ред препорака на начин кој Извештајот за напредокот ќе го ангажира во функција на будење на реформските процеси и спасување на загрозениот политички консензус околу европската агенда.

Изминатите пет препораки за жал беа искористени во функција на дневно политички маркетинг со што сериозно е доведен во прашање кредибилитетот на европските институции и Извештајот за напредокот како еден од основните алати за стимулирање на трансформација на општеството во насока на негово прилагодување кон европските стандарди.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.