Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија на 90 минути до СП во Катар: Фудбалерите во Порто по нова сензација, нека биде и во екстра времето

0
By Sashko on March 29, 2022 НАСЛОВНА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20:45 ч.) на „Драгао“ во Порто ќе се обиде да направи нова сензација и за првпат во историјата да обезбеди пласман на Светско првенство. Откако во четвртокот елиминираа европски шампион (Италија од лани), „црвено-жолтите“ овојпат ќе ѝ излезат на мегдан на Португалија која, исто така, го освои континенталниот турнир во 2016 година.

Популарните „европски Бразилци“ го имаат Кристијано Роналдо, Пепе, Руи Патрисио, Кансело, Жоао Мутињо, Бруно Фернандеш и, како и во случајот со „азурите“ во четвртокот, важат за фаворити поради традицијата, искуството, ѕвездите во тимот, домашниот терен. Меѓутоа и тие се свесни дека немаат простор за луксузирање по изданието на македонските фудбалери пред пет дена. Прво за себе, второ за нивниот капитен Кристијано Роналдо кому мундијалски пехар е единствениот кој му недостасува во кариерата. Досега двапати играа бараж (против БиХ за СП 2010 во Јужна Африка и против Шведска за СП 2014 во Бразил) и двапати успешно го положија испитот.

Македонија отпатува во Порто со резултатско портфолио за почит во последните две-три години, особено во изминатите 12 месеци. Успешни настапи во Лигата на нации, гостински триумф над Германија во Дуизбург (1:2), гостински триумф над Италија во Палермо (0:1), учество на Европското првенство. Го нема долгогодишниот лидер Горан Пандев, во меѓувреме дојде до смена и на селекторската позиција (Благоја Милевски го замени Игор Ангеловски), но затоа во националниот е инјектирана голема кубикажа на „свежа и млада крв“, момци кои се желни за докажување и со етикета „убијци на фаворити“. Вечерва во Порто, за разлика од Палермо, ќе имаат поддршка и од „наполитанецот“ Елиф Елмас чие присуство во средниот ред ќе биде од огромно значење во обидот за неутрализирање на Роналдо и компанија.

Столе, Стефан, Висар, Даре, Аријан, Боби, Џани, Давид, Елиф, Енис, Алекс и останатите во дружината под команда на Милевски ќе се обидат одново да одекнат во фудбалскиот свет. Го немаат статусот на противничките ѕвезди, но покажаа оти имаат срце, знаат да играат со глава и доколку успеат да не паднат пред импресии, атмосфера и влог од мечот, ја повторат хомогеноста, трпеливоста и концентрацијата во одбрана, како и да обезбедат близина меѓу линиите во тимот, тогаш триумфот нема да биде невозможна мисија. Па, нека биде и во судиското продолжение како во Палермо.

Македонија и Португалија вечерва ќе го одиграат третиот меѓусебен натпревар, но Португалците резултатски не можат да се пофалат дека лесно излегувале на крај. Имаат минимален триумф во пријателски меч во Женева со 1:0 и реми без голови во, исто така, пријателски меч на 26 мај во 2012 година.

Покрај мечот во Порто, вечерва (20.45 ч.) со влог за пласман на СП 2022 во Катар ќе играат уште Полска и Шведска на стадионот „Сласки“ во Хоржов.

Сашко Димовски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.