Според извештајот на Светскиот економски форум за глобална конкурентност за 2012-2013, земја со најдобра инфраструктура во светот е Швајцарија, објави Business Insider.
Во извештајот САД е на 25-то место, зад земји како Саудиска Арабија, Шпанија и Јужна Кореја. Пред САД се наоѓаат Велика Британија, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Барбадос, Оман, Шведска, Шпанија, Белгија, Јапонија, Канада, Бахреин, Данска, Луксембург и Португалија, кои се позиционирани од 11 до 24 то место.
Како што објавува Фактор, Македонија ја нема на оваа листа, но како што и Стопанската комора вчера објави земјата е на исклучително лошо ниво во однос на патната и железничката инфраструктура.
Практично, додека светот и регионот работеше Владите во Македонија се мислеа и премислуваа, што е подобро да се гради, дали коридорот 8 или коридорот 10.
Во меѓувреме Косово и Албанија се поврзаа со модерни патишта, а преку Романија и Бугарија кон Грција привршува изградбата на коридорот 4, директна конкуренција на нашиот коридор 10.
Ова се топ 10 на земји со најдобро инфраструктура во сета, според извештајот на Светскиот економски форум за глобална конкурентност: Холандија, Германија, Австрија, Исланд, Обединети Арапски Емирати, Франција, Хонг Конг, Финска, Сингапур и Швајцарија.