На економскиот самит во Санкт Петерсбург не се потпиша договорот со Русија за вклучување на Македонија кон гасоводниот проект Јужен поток.
Поради технички допрецизирања е договорено во блиска иднина да се потпише договорот за Јужен поток, изјави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Иако на 11 јуни беше најавено потпишувањето од страна Зоран Ставрески, министерот за финансии и економија кој инаку и присуствуваше на Самитот, не дојде до ставање потпис ма потпишување на договорот со Русија за изградба на дел од гасоводот Јужен Поток и во Македонија.
Ставрески тогаш најави дека во Санкт Петерсбург ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.