Македонија од утре влегува во жолта фаза жолта фаза, од понеделник поради се повисоките температури е можно да биде прогласена портокалова фаза, рече министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција на која беа најавени пунктовите во Скопје во кои лекари ќе делат совети за жешкото време и ќе вршат превентивни лекарски прегледи, посебно за ризичните групи.
Во жолта фаза препорачливо е да не се излегува без поголема потреба од 11 до 17 часот, а треба да се пијат повеќе течности, да јаде лесна храна, да се носи светла облека, а со себе при излегување надвор да се носи и шишенце со вода, појасни д-р Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство.
– Истовремено утре ќе испратиме препораки и до општините да се погрижат фонтаните за пиење вода и јавните чешми да бидат во функција, како и до работодавците да ги заштитат своите вработени – рече д-р Костовска.