Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија со мал број национални паркови, дали со Шара ќе го достигнеме европскиот просек

0
By Нова ТВ on December 6, 2020 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последниот прогласен национален парк кај нас е Галичица, пред точно 62 години. Од тогаш до денес, ниту една планина не била прогласена за Национален Парк, а потенцијал и потреба има за повеќе планини. Ако на досегашните три национални паркови Маврово, Галичица и Пелистер ја додадеме и Шар Планина заедно би сочинувале околу 12 проценти заштитено подрачје од територијата на државата. Делот на Шар Планина од косовска страна е прогласен за национален парк од 1986 година, а во Албанија има заштитено подрачје во категоријата парк на природа од 2011 година. За споредба, земјите во регионот имаат многу поголем број на национални паркови, како на пример Албанија има 15, Грција 10, Хрватска осум, Србија пет. Европскиот просек е околу 20 проценти од државата да припадне на заштитени подрачја, што значи ние сме далеку од просекот.

Иницијативата за прогласување на македонскиот дел на Шар Планина за национален парк датира од 1994 година, во 1997 се изготвува предлог закон за прогласување, од 1999 до 2001 година пратениците во Собранието повеќе пати дискутираат на оваа тема, но никогаш не е  изгласан законот. Најголем прогрес во однос на процесот е направен со подготовката на Студија за валоризација на природните вредности на Шар Планина (која се изработуваше во периодот од 2017-2020 година, како основен документ за постапката) и конечно повторно прифаќање на иницијативата од Владата за отпочнување на нова фаза во постапката за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк во мај 2020 година.

Македонското еколошко друштво (МЕД) е вклучено во иницијативата за прогласување на Шар Планина уште од самите почетоци, пред се во истражувањето на биодиверзитетот на Шар Планина, а во изминативе 10 години има организирано бројни настани, работилници и конференции на локално и регионално ниво на кои присуствувале претставници на институции, локалното население и претставници на сите шест општини во Полошкиот регион. Фросина Пандурска Драмиќанин од МЕД вели дека посебно се посветиле на оваа мисија кога е формирана иницијативата “Пријателите на Шара” составена од МЕД, Центарот за едукација и развој од Теарце, Планинарски клуб „Љуботен“ од Тетово и Иницијатива за граѓански интеграции од Гостивар. Годинава откако процесот односно постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк влезе во напредна фаза се спроведе и јавна кампања (јули-октомври) за информирање на локалното население од придобивките на идниот национален парк предводена од Центарот за едукација и развој и Македонско еколошко друштво а во соработка со УНЕП и Министерството за животна средина.

„Јавната кампања содржеше повеќе јавни настани во регионот, тв промоција и различни промотивни и информативни материјали за природните вредности на Шар Планина и придобивките од воспоставување на национален парк. Во поглед на институционалниот прогрес на постапката во истиот период министерството работеше на предлог закон за прогласување на Шар Планина за национален парк, којшто во моментов е отворен за коментари на јавноста и засегнатите страни, и е поставен на ЕНЕР. Во следниот период министерството за животна средина откако ќе заврши периодот за коментари би го изготвило конечниот предлог за прогласување на заштитено подрачје и би го доставило до Владата. По усвојување на предлог законот од Владата на С. Р. Македонија законот ќе се достави во собраниска процедура и се очекува негово изгласување од пратениците. По што Владата треба да основа Јавна установа – Национален парк со акт за основање“.– вели Пандурска Драмаќанин.

Оние што секојдневно се на Шар Планина велат дека планината многу има изгубено во годините на непрогласување за национален парк. Еден од нив е и Јован Божиновски, планинарски водич кој е сведок на планинското секојдневие.

„Шар планина изгуби ред, изгуби вредност, пред се онаа пејсажна вредност затоа што се изгубија планинарски патеки со отварање на диви патишта, се изгуби шума, гледаме целосно соголени предели, се изгубија и планинарските домови порано што беа. Иако морам да кажам тоа не се одрази на бројот на посети на планинари и туристи, освен во почетокот на 2000 -тите. Шара треба да добие ред и организација со прогласувањето на национален парк, да исчезнат дивите сечи и криволовството, ќе добие бренд и следствено на тоа ќе добие и многу туристи. Ќе добие вистинска организираност, нова инфраструктура иако тоа нема да се случи одма по прогласувањето, но за 10 години ќе се случи. Тоа ќе биде со означени патеки од кои ќе се знае кои се за планинари, кои за велосипедисти, ќе има организирани водички служби, планинарски домови, авантуристички паркови, кампинг центри, но пред се, планината ќе биде заштитена.“- размислува гласно Божиновски.

Заштита на природата, најголемо прекугранично заштитено подрачје во Југоисточна Европа, заштита на шумите во национален парк, заштита од поплави и ерозија, зајакнувае на брендот Шара, зголемување на бројот на туристи се само дел од придобивките кои ги издвојуваат од иницијативата “Пријателите на Шара”. Придобивките може да бидат не само кон зачувување на природата туку да бидат и социо-економски па дури и демографски.

„Убедени сме дека Шар Планина може да биде зачувана и да привлекува туристи како прочуени национални паркови во светот и регионот бидејќи од аспект на природни вредности таа има сé што треба да има еден национален парк сепак за заштитата да функционира нема да зависи само од идниот управувач, туку и од промената на свеста кај сите што ги користат природните ресурси на планината во изминативе децении, почнувајќи од бизнис секторот, јавните претпријатија, па се до локалното население. Промената на свеста на природата да се гледа чисто од економски интерес кон одржливо користење и зачувување на природните вредности ќе биде бавна и со предизвици но и неминовна ако сакаме да го зачуваме највредното во нашата земја“ – додава Пандурска Драмиќанин.

Заканите врз природата на Шар Планина остануваат и понатаму присутни. Тоа е алармантно, ја пренесува сликата од терен, планинарскиот водич Божиновски.

„Сегашната состојба е очајна затоа што дивата сеча веќе 15 години ја пустоши Шара и сеуште ја има. Се отвораат диви патишта за секакви потреби. Се градат и објекти кои можеби се приватни но не се знае дали се легални и на крај, маливе хидроцентрали кои уништуваат се што е под нив – заклучува Божиновски.

Законот за прогласување на националниот парк и Планот за управување со истиот во идеален случај би требало да стават крај на овие отворени прашања, што не значи дека проблемите ќе згаснат со донесување на Законот. Идното тело за управување ќе има многу работа на контрола на овие појави, едукација на населението и овозможување на активности кои ќе имаат придобивки од воспоставената заштита.

Покрај Шар Планина, уште неколку планини имаат потенцијал да бидат прогласени за национални паркови. Планината Јабланица има потенцијал да биде национален парк и прекугранично заштитено подрачје, бидејќи постои национален парк Јабланица-Шебеник, прогласен во Албанија уште во 2008 година, делови од Планината Јакупица како и делови од Кожув и Кајмакчалан. Со надеж дека нема да треба да се чекаат нови 62 години до прогласување на нов национален парк.

Јордан Дуков

-Текстот е изработен во рамки на проектот „ЕНВ.нет го факторизира портфолиото за животната средина на Западен Балкан и Турција во агендата на политиките на ЕУ“, финансиски поддржан од страна на Европската унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на авторот и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.