Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија со повисоки цени и од соседните туристички места

0
By Менче Атанасова Точи on June 17, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Енормно високи цени на градинарските производи по пазарите во Македонија. Граѓаните се жалат дека поради високите цени на основните животни продукти тие не се достапни за секого.

Цените на зеленчукот и овошјето се дури повисоки од оние во туристичките места во соседна Грција, каде Владата пред неколку дена издаде наредба за намалување од 30 проценти. За оние што нема да ги почитуваат правилата најви ригорозни казни и контроли.

Само за споредба доматите се продаваат за 50-60 денари, а во Грција пред намалувањето се продаваа за едно евро по килограм, краставици се продаваат за 30 денари, кајсиите од 80 до 120 денари, додека кај нашиот јужен сосед може да се купат за едно евро, цените на црешите се речиси идентични во двете држави, таму лубениците се продаваат за само 20 денари по килограм, а на нашите пазари по цена од 40 денари за килограм, така што речиси и не ги купуваат бидејќи во овој период тие преставуваат луксуз.

-Скапо, скапо релативно скапо. Други години било многу поевтино, вели граѓанин во камерата на НОВА.

-Воглавно храната од минатата година до сега е многу поскапена, додава друг граѓанин.

Ваков тренд на пораст на цените кои не кореспондираат со стандардот на граѓаните е нелогичен особено што месечните примања на нашите граѓани се далеку под стандардот на граѓаните во соседна Грција, неофицијално коментираат извори за НОВА од земјоделскиот бизнис.

НОВА се обиде да истражи која институција во државата го следи растот на цените на домашните производи.

Во Министерството за земјоделство ни одговорија дека тие го контролираат квалитетот, но не и цените на производите. Тоа не го прават ниту инспекциските служби во ова министерство, велат од службата за односи со јавноста.

Нашиот обид да стапиме во контакт со некого во Стопанската комора на РМ остана без успех. Луѓето со кои контактиравме не сакаа да коментираат за ваквата состојба, со образложение дека не сакаат да си имаат проблеми.
На официјалната веб страна на Државниот завод за статистика стои соопштение во кое се вели дека од минатата година престанале да ги следат цените на овие производи.

Земјоделците велат дека причина за ваквата состојба е неконтролираното препродавање на нивните производи, кои поминуваат низ двајца, тројца , понекогаш и четворица прекупци.

-Трговците на мало ставаат повисоки маржи, така што додека стигнат до крајниот купувач цените се двапати повисоки од тоа што ние ги продаваме на големо, изјави за НОВА Коце Божиков претседател на здружението Агострумешница.

Ставот на повеќето земјоделци со кои контактиравме е дека државата треба да најде начин преку одредени механизми да ги контролира цените на производите. Во моментот велат тие, цените се нереално зголемени иако цените на мало паѓаат. Нема контрола за следење на растот на цените, ниту низ колку раце поминуваат се додека стигнат до крајниот потрошувач.
-Надлежните треба да реагираат за ваквата состојба на пазарот, вели Ристо Велков, земјоделец и челн на синдакатот.

Ваквата состојба со загружувачкиот раст на цените на пазарите, која се менува од час во час особено е изразена на пазарите во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.