Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија доби препорака и поголема одговорност

3
By Светлана Јовановска on April 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според комесарот Јоханес Хан, во Македонија е сторено многу и тоа треба да се награди а наградата дојде во форма на чиста препорака за старт за преговори за членство во ЕУ. Во новиот извештај за годишниот напредок на нашата земја на нејзиниот пат кон ЕУ, Европската комисија (ЕК) и ја врати на Македонија препораката за преговори за членство без какви и да е услови. Да потсетиме дека пред две и пол години Македонија доби условена препорака за преговори поради лошата состојба на македонската демократија.

«Препораката се базира на направената длабока анализа. Сторено е многу и тоа треба да биде пофалено, а ЕУ треба соодветно да одговори на тие напори», рече Хан и додаде дека реформите мораат да продолжат и тоа во јавната администрација, во борбата со корупцијата и организираниот криминал, а особено во судството.

Македонија конечно излезе од долгата и остра политичка криза, констатира ЕК додавајќи дека «тешкиот процес на формирање влада ја достигна критичната точка на 27 април со нападот во Собранието, постапка што беше најстрого осудена од меѓународната заедница», потсетува ЕК во извештајот.

За Комисијата, новата македонска влада е «реформска» и презема чекори за да се реши проблемот на заробената држава, да се зајакне демократијата и правната држава. «Земјата е влезена во фундаментални промени во отворена и инклузивна атмосфера», додава извештајот давајќи и поддршка на владата во отпочнатите реформи и охрабрувајќи ја да ги отвори и најтешките фази во овој процес. Комисијата потсетува дека граѓаните и ја дале нивната целосна поддршка на владата на локалните избори во октомври 2017 година.

Македонија добива и голем плус за добрососедските односи, договорот со Бугарија но проблемот со името, вели ЕК, мора итно да се реши.

Проблемот со името мора итно да се реши, предупредува Европската комисија.

«Разговорите за “прашањето за името” се интензивираа под покровителство на Обединетите нации. Конструктивните разговори на ниво на премиери и министри за надворешни работи позитивно влијаат на напредокот во спроведувањето на мерките за градење доверба. Заедничкото соопштение на премиерите на Грција и на поранешната југословенска Република Македонија во јануари 2018 година, кое вклучуваше преименување на аеродромот во Скопје и автопатот и постапувањето со одложени иницијативи на ЕУ, беа конкретни знаци за зајакнување на меѓусебната доверба», вели Брисел.

Комисијата му препорачува на Собранието «да ги зајакне своите законодавни и надзорни функции вклучувајќи го и ограничувањето на широката употреба на скратените постапки».

Брисел заклучува, како и повеќе пати во последните години, дека меѓуетничките односи се кревки и покрај тоа што ситуацијата во земјата е мирна. Но, Охридскиот договор треба да продолжи да се применува на транспарентен и инклузивен начин. За ЕК е добро што владата покажува цврста определба за «зајакнување на довербата помеѓу заедниците».

Но, во Македонија не е се за пофалба. Така, реформите во јавната администрација се скромни. Усвоена на стратегија за реформа на оваа област и се работи на зајакнување на транспарентноста и одговорноста во администрацијата но ЕК констатира дека Министерството за информатичко општество и администрација го нема потребниот капацитет за водење и координација на рефромаѕа на јавната администрација.

«Силна политичка определба е клучна за да се гарантира професионализам во јавната администрација, особено во назначувањата на повисоките позиции, и почитување на принципи на транспарентност, заслуга и еднаква застапеност во духот и словото на законот», советува Брисел.

Нешто подобра оценка добива судството кое, според ЕК, има постигнато «одреден степен на подготвеност и направен е добар напредок», особено во последниот дел на периодот што го покрива извештајот, што значи од последната есен до сега.

«Назадувањето од последните години тргна во вистинска насока преку одлучни чекори преземени во последните месеци, особено преку обновувањето на независноста на судството», заклучува Комисијата.

И додава:

«Земјата усвои веродостојна нова стратегија за судски реформи што ја поставува основата за понатамошни реформи во оваа област, а клучните закони се изменети во согласност со препораките на Венецијанската комисија и “Приоритетите за ургентни реформи”. Канцеларијата на Специјалниот обвинител се соочува со помалку опструкции во судовите, овозможувајќи поефикасно работење», вели Комисијата и советува константен напор за да може судството во Македонија навистина на почне да функционира без политичко влијание.

Борбата против корупцијата во Македонија бара уште напори. Како и во речиси сите извештаи на ЕК, законската рамка е тука но судските пресуди за високата корупција ја нема:

«Постои законска и институционална рамка, како и евиденција за превенција и гонење, но конечните судски одлуки за случаи на корупција на високо ниво и понатаму се ограничени.»

Добрата вест е и напредокот во фундаменталните права кои се повеќе се во согласност со стандардите на ЕУ и зајакнуваат борбата против секоја дискриминација, но «целосната примена бара постојани напори».

«Треба да се разгледа ситуацијата во затворите и психијатриските институции, мора да се следат случаите на криминал од омраза како и говорот на омраза, а институциите кои се вклучени во заштитата и унапредувањето на човековите права мора да се зајакнат. Потребни се повеќе напори за вклучување на Ромите», бележи Комисијата.

Слободата на изразувањето е подобрена но и тука има бројни предизвици како реформата на јавниот сервис која никако да почне.

Конечно, и економската ситуација во земјата има направено «одреден напредок» и «добро ниво на подготовка за развој на фукнционална пазарна економија».

Сепак, «клучните слабости на економијата остануваат. Тие вклучуваат недостатоци во деловното опкружување, како што се слабото спроведување на договорите и големата неформална економија. Структурните проблеми на пазарот на трудот се рефлектираат во ниската активност и високите стапки на невработеност. Макроекономското опкружување се влошило во првата половина од 2017 година», вели ЕК. И ја критикува «доначоната политика насочена кон краткорочни мерки и без траен план за консолидација».

Накусо, во оваа област, Македонија не е доволно подготвена да стане членка на ЕУ.

Задача на Европската комисија е да се убедат земјите членки дека е време за балканско проширување кое за ЕУ е инвестиција.

Обраќајќи се во Европскиот парламент (ЕП), Жан-Клод Јункер, првиот човек на ЕК, денес истакна дека ЕУ треба да им даде европска перспектива на балканските земји. Во спротивно, рече тој „ќе видиме враќање на војната во тоа подрачје како што видовме 1990 година“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.