Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија вечна. Толку вечна што не подлежи на развој

0
By Менче Атанасова Точи on January 29, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дваесет години Македонија талка на патот до својот развој. Секој чекор напред е проследен со два чекори назад. До луѓето ли ќе да е? До политичарите или до ненапишаната стратегија која однапред секој успех го претвора во неуспех. Можеби хемиската формула се наоѓа во структурата на нашата мозочна клеточна маса која во корен го сече успехот, за да нема напредок. Ова е време на ренесанса на просечноста, кога ниту на младите надарени умови не им даваме шанса да се обидат да променат нешто за себе и за својата држава. Така беше вчера и денес. Но, утре…Утре можеби ќе се промени нешто. Затоа пријателе, не се откажувај!!!

Венко Андоновски:
 

Што е негативна селекција?

Негативна селекција е кога намерно на чело се избира послабиот,
за да не оди напред подобриот, затоа што тогаш сите ќе мора да одат напред.

За да не мора да се оди напред. За да не мора да се работи.

Тоа е цената на мрзеливоста, комоцијата и диктатурата на просекот.

Тоа е кога народот сака да го убие најдобриот, затоа што најдобриот го засрамува просекот.

Тоа е моја дефиниција, по искуствата со персонализмот и колективитетите.

Oбичните, не го сакаaт најдобриот, затоа што најдобриот  им покажува
колку се ретардирани, недугави, неработливи.

Во оваа држава постојат луѓе што откако ќе го испијат утринското кафе,
прават планови како сопствениот бофал ќе го продадат како А-класа.

И прават планови (цели стратегии нацртани на хамер)
како ќе им постават бариери на способните,
од Бога бакнатите, на надарените.

Значи, целта е да се постави барикада.

Тоа се случува секаде – на факултетите, во политиката, кај чиновниците, во МАНУ.
Секаде.

И затоа – не се откажувај!

Ова е држава во која (ако замислиме дека секоја професија е бокс-меч)
мораш да победиш со нокаут, оти ако одиш на победа со поени,
судиите ќе го наместат мечот, и иако си супериорен, ќе загубиш со 3:2!

Тоа бара енергија. Тоа цица енергија. Ама тоа е тоа.

Македонија. Вечна.

Толку вечна што не подлежи на развој.

 

Автор, Венко Андоновски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.