Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, утре и задутре ќе биде сончево и многу топло со температура до 38 степени и УВ-индекс 9.
Надлежните потсетуваат да се почитуваат општите препораки за населението во однос на заштита од директна сончева изложеност.
Избегнувајте подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, носете лесна и светла облека, консумирајте лесна храна и течности, внимавајте на хигиената на рацете и начинот на подготовка на храната, а хронично болните лица редовно да ја земаат терапијата.