Македонската филхармонија, специјално за Денот на вљубените – 14 Февруари, вечерва ќе одржи концерт на кој ќе изведе романтични хитови за сите генерации.
Под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар, Филхармонија ќе изведе љубовни песни од Френк Синатра, Дин Мартин, Роксет, Битлси, Квин, како и џез и блуз композиции, кои ќе бидат изведени во оркестарска верзија.
Дел од композициите ќе прозвучат со вокалот на истакнатиот египетски џез и естраден музичар Ахмед Харфуш, кој активно настапува како солист и дел од неговиот џез бенд.
Концертот ќе се одржи во Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот.