Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонска црковно-државна делегација се поклони на гробот на свети Кирил

0
By НОВА ТВ on May 24, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонска црковно-државна делегација утрово имаше поклонение на гробот на свети Кирил во Рим, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Делегацијата, во која учествуваа директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски, македонската амбасадорка при Светата Столица Марија Ефремова, генералниот конзул во Венеција Стојан Витанов и вршителот на должност во македонската амбасада во Италија Магдалена Димова, присуствуваше на молебенот на гробот на св. Кирил во базиликата „Св. Климент“.

Чиноначалствуваше митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на епископот Стобиски г. Јаков и свештеници на Европската епархија на Македонската православна црква- Охридска архиепископија.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на сите македонски граѓани им го честита големиот празник, 24 Мај, со кој, како што се наведува, се слави епохалното рамноапостолно дело на словенските браќа.

 – Преку буквите, од тебе нам дадени, сме се описмениле како народ и за Бога и на верата во Бога нѐ научиле. Зашто, преку тебе го научивме словото за Христа Бога. Зашто, големо е делото твое да покажеш дека нема избрани јазици за проповед на големината негова, туку дека најдобар јазик за да го запознаеме Христа е јазикот на кој што сме го изговориле првиот збор во нашите животи. Јазикот кој го разбираме и го зборуваме, а не јазикот за кој што некој и денес, откако пред милениум цел ти ја разби тријазичната ерес, тврди дека е четвртиот во избраните.

Ова денеска го истакна митрополитот европски на МПЦ-ОА г. Пимен во својата проповед пред гробот на св.Кирил во Рим. Потсети на делото на нашиот просветител свети Кирил и изрази благодарност за сите букви што ни ги дал собрани во азбука и за писменоста.

-Ова што денес на мојот македонски јазик пред гробот твој стоејќи молитвено ти се обраќам е плод на писменоста на која си ги научил моите предци. Стојам тука пред гробот твој и знам дека наместо да те радуваме со богатството на јазиците на кои ти се обраќаме, со нашите препирки чиј си и кому си му го оставил писмото и правото неразумно да го чува, те растажуваме, рече г. Пимен.

Тој изрази надеж дека рака еден кон друг ќе си пружиме, исправени во очи гледајќи се, наместо, како што рече, постојано наведнати да бидеме, едните – камен на сопнување пред ногата на братот да поставуваме, а другите – да се наведнуваме за тој камен од патот кон него да го тргаме.

– Премногу си голем, за ние малите по срце да те присвојуваме и љубоморно на другите право на чествување, како свој, да не им даваме, рече г. Пимен.

Македонска црковно-државна делегација утрово имаше поклонение на гробот на свети Кирил во Рим, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Во состав на делегацијата беа директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски, македонската амбасадорка при Светата Столица Марија Ефремова, генералниот конзул во Венеција Стојан Витанов и вршителот на должност во македонската амбасада во Италија Магдалена Димова. Тие присуствуваа на молебенот на гробот на св. Кирил во базиликата „Св. Климент“.

Чиноначалствуваше митрополитот европски г. Пимен во сослужение на епископот Стобиски г. Јаков и свештеници на Европската епархија на Македонската православна црква- Охридска архиепископија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.