НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската берза во минус по новите американски царини

0
By Zoran Ivanov on April 8, 2025 АНАЛИЗА, ЕКОНОМИЈА, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По четири дена пад, за прв пат македонската берза излезе од црвено и започна да покажува знаци на закрепнување. Вредноста на најтргуваните акции е за околу пет проценти пониска во однос на почетокот на минатата недела. Причината за „минусното салдо “ лежи во неизвесноста на светските пазари по воведувањето на новите американски царини.

Зорана Гаџовска Спасовска

Паниката по воведувањето на новите американски тарифи на светскиот пазар на хартии од вредност се прелеаа и врз македонската берза. Откако 3 април годинава американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна одлука со која се воведуваат царините од 10 отсто за увезена стока од сите земји и повисоки стапки за 185 земји, меѓу кои и за Северна Македонија, четири дена по ред вредноста на македонските акции на берзата се намалуваше.

Денеска попладне почна да покажува знаци за закрепнување, па по падот од речиси пет проценти дел од најтргуваните акции покажа раст од помалку од еден процент во нивната вредност.

Пад на вредноста на акциите на македонската берза по воведувањето на новите американски тарифи

Најголем пад на вредноста на акциите на 8 април забележа нафтената компанија Макпетрол со пад од 5, 8 проценти, со што вредноста на една акција денеска изнесува 99 173 денари. Веднаш по неа, на второ место е Комерцијална банка која забележува минус од 5,5 проценти со што вредноста на акцијата изнесува 27.285, а на брозеното трето место е фармацевската компанија „Алкалоид“ со намалена вредност на акцијата од 4,45 проценти, при што една акција на оваа компанија денеска вреди 25.993 денари.

Причината за падот на вредноста на македонските акции е повеќе психолошка и се прелева од странските пазари отколку од можните директни последици од новите американски царини врз македонската реална економија, вели главниот извршен директор на КБ Публикум инвест, Горан Марковски за радио Слободна Европа.

Тој објаснува дека ниту една од компаниите кои влегуваат во листата на најтргувани акции од кои е сочинет берзанскиот индекс не е директно загрозена на краток рок од американските тарифи. Но, на долг рок, тој очекува, тие да почуствуваат индиректни негативни последици. Неизвесноста во овој период може да ги направи инвеститорите во хартии од вредност повнимателни.

„Но, секој пад значи и нова можност за инвеститорите кои имаат долгорочен пристап во вложувањето и да ги искористат тие краткорочни падови и да направат дополнителни или првични инвестиции кои на долг рок ќе им дадат подобри резултати. Тие падови за некого се и можност за дополнителни вложувања“, вели Марковски.

Според него неизвесноста од ефектите од американските тарифи не дозволуваат да се направи проекција како долгорочно ќе се движи кривата на македонската берза.

„Немаме ние некоја голема економска размена со САД, за да може да очекуваме директни последици, меѓутоа таму каде што ќе се почуствуваат ефектите од овие тарифи, првенствено се нашите најголеми економски партнери, а тоа се земјите од ЕУ и индиректно тоа ќе се проследи и на македонскиот пазар, односно на македонските компании. Временската рамка во кој тоа би се случувало е од шест месеци до една година“, вели Марковски.

Тој додава дека ова би можело да се смени доколку во идниот период во процесот на преговарање на американската администрација со одредени земји се сменат работите.

Графикон за нов износ на царина за производи увезени од балканските земји во САД

Мицкоски очекува намалување на царините за македонските производи

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски очекува американската влада да ја ревидира повисоката царина од 33 отсто за увоз од Македонија. Според него високата тарифа која САД ја воведе за македонските производи е грешка.

„Ние работиме со нашите американски партнери и очекувам многу брзо ова да се корегира ова кое што очигледно е резултат на некаква грешка и погрешна информација, имајќи в предвид дека нашата економска размена со САД во 2024 година е во дефицит, а тие држави кои се во дефицит немаат вакво зголемување на давачките. Сега се споредуваат податоците. Ние сме во контакт со американската амбасада, со министерството за економија, и со кабинетот на претседателот Трамп, и тоа беше дел од разговорите на министерот Муцунски во Брисел со државниот секретар Рубио, така што очекувам набрзо да се излезе од оваа состојба,“ изјави на 7 април Мицкоски.

Според последната изјава на 6. април на економскиот советник на Трамп, Кевин Хасет, над 50 земји побарале од Белата куќа трговски преговори.

Американскиот претседател Трамп, кој вели дека со последната одлука ќе го реши проблемот со дефицитот на САД, минатата недела воведе увозни царини од 10 до 50 проценти, со кои се засегнати 185 земји. Како реакција, берзите низ светот во рок од неколку дена покажаа загуба од над две илјади и седумсто милијарди долари (односно 2,7 трилиони долари).

Глобалната економска војна се заострува, светските берзи закрепнуваат

На 8 април берзите за хартии од вредност на повеќето големи пазари покажаа значи на закрепнување по остриот пад во последните сесии. Иако расположението сè уште е кревко кај инвеститорите, дел од вредноста на светските берзи покажаа мал раст, јавуваат светските новински агенции.

Индикациите дека земји како Јапонија, Виетнам и Израел бараат да преговараат за трговски договори со Соединетите Држави дополнително дадоа поттик за преземање ризик, пишува новинската агенција Ројтерс.

Во меѓувреме трговската војна меѓу Кина и САД се чини дека е на работ на понатамошна ескалација, додека Европската унија засега смирува топка и размислува за контрамерки. Но Трамп експресно ја одби вчерашната понуда од Европската Унија за царини „нула за нула“ за автомобили и други индустриски стоки, како што се фармацевтските производи и хемикалиите.

Американскиот претседател се закани и дека ќе воведе дополнителни 50 отсто царини за стоки од Кина доколку Пекинг не ги повлече одмаздничките царини од 34 отсто за Америка, објавени минатата недела.

Дополнителните американски царини за стоки од Кина ќе достигнат вкупно 104 отсто доколку Пекинг се придржува до контрамерките на царинската офанзива на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Белата куќа во понеделник (7 април) за АФП.

Кина на 8 април најави дека „ќе се бори до крај“ и ќе преземе контрамерки против Соединетите држави за да ги заштити сопствените интереси.

„Најголемиот следен круг на ризик доаѓа од девалвација на кинеската валута“, вели економскиот аналитичари и шеф на макро стратегија во FIM Partners Чарли Робертсон за новинската агенција Ројтерс.

Ако Кина види дека одмаздничките царини се недоволни, може да прибегне кон девалвација на валутата за да го направи нејзиниот извоз поконкурентен на глобалниот пазар, што потоа ќе се прелее во поширока слабост на пазарите во развој, додаде Робертсон.

ЕУ стравува од последици од економската кавга меѓу САД и Кина

По овие најави на 8 април пристигна и соопштение од Европската Комисија која бара смирување на топката. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја повика Кина да обезбеди преговарачко решение за проблемите предизвикани од огромните увозни царини наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп.

Во соопштението е наведено дека Фон дел Лајен во телефонскиот разговор со кинескиот премиер Ли Кианг, „ја истакнала одговорноста на Европа и Кина, како два од најголемите пазари во светот, да поддржат силен реформиран трговски систем, слободен, фер и заснован на рамноправни услови за игра“.

Во соопштението на нејзината канцеларија е посочено дека и тие разговарале и за воспоставување механизам за следење на можните трговски пренасочувања предизвикани од царините, бидејќи ЕУ стравува дека Кина ќе го пренасочи евтиниот извоз од САД во Европа.

Текстот е сопственост на Слободна Европа.мк

зорана гаџоска македонска берза Пад сл. европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.