Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската филхармонија ќе го отвори „Охридско лето“ со ѕвездата Џулијан Рахлин

0
By Marija Todorovska on July 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НУ Филхармонија на РСМ ќе учествува на овогодинешното свечено отворање на фестивалот „Охридско лето“. На 12 јули во прекрасното здание на Античкиот театар во 21 часот, заедно со оркестарот на Филхармонијата ќе настапи светската музичка ѕвезда, виолинистот Џулијан Рахлин, кој наедно ќе се претстави и како диригент. На програмата се познатиот Концерт за виолина и оркестар во e-moll оп. 64 од германскиот композитор Феликс Менделсон, како и класичната Увертира-фантазија „Ромео и Јулија“ од рускиот композитор Петар Илич Чајковски.

Џулијан Рахлин инаку, за првпат настапи со Македонската филхармонија во 2017 година, на Божиќен концерт кој се одржа на 7 јануари напладне.

Виртуозот на виолинаЏулијан Рахлин е музички раководител на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Кристиансанд и прв гостин-диригент на Филхармонискиот оркестар во Турку. Над 30 години неговата кариера го носи на сите светски меридијани како диригент, солист, камерен музичар, педагог и уметнички раководител. Снимките кои критиката ги оценува како исклучителни, ги издаваат на носачи на звук престижните издавачки куќи „Дојче Грамофон“, „Сони Класикал“ и „Ворнер Класикс“.

Рахлин е исто така и баран диригент ширум светот. Во изминатите неколку сезони настапува со Симфониските оркестри во Чикаго, Бирмингем, Виена, како и со Европскиот камерен оркестар, Кралската филхармонија во Лондон, Израелската филхармонија, филхармониските оркестри во Осло и Хелсинки, Кралската филхармонија во Ливерпул и Берлинскиот Концертхаус оркестар.

Како виолинист пак, застанува на сцена со некои од најпрестижните светски оркестри и диригенти. Музичките фестивали на Рахлин ја рефлектираат неговата пасија кон обединување на изведувачите и публиката во заедничко славење на музиката и уметноста. Често соработува со имиња како Марта Аргерич, Евгениј Кисин, Жанин Јенсен и Миша Мајски, а неговиот фестивал „Рахлин и пријателите“ кој се одржуваше повеќе од една деценија во Дубровник, беше светски признат. Од 2021 година Рахлин е уметнички директор на Фестивалот Хербстголд кој се одржува во палатата Естерхази во Ајзенштад, Австрија. Свири на виолината екс-Либиг изработена од Антонио Страдивари во 1704 година, како и на виолина изработена од Лоренцо Сториони од 1785 година, инструменти кои му се дадени на користење од приватната фондација „Ангелика Прокоп“.

Охридско лето Филхармонија Џулијан Рахлин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.