Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската политичка криза во фокусот на Брисел

0
By Светлана Јовановска on April 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Никола Груевски утре во Брисел ќе учествува на средбата на премиерите од шест балкански земји и комесарите за проширување и транспорт Јоханес Хан и словенечката комесарка Виолета Булц.

Засега не е познато дали премиерот ќе има и други средби посветени на политичката криза во земјата а се очекува дека во текот на неделата во Европскиот парламент (ЕП) ќе се одржи третата рунда преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со европската парламенатарна тројка на олеснувачи – Едвард Кукан, Иво Вајлг и Ричард Ховит.

Во текот на оваа недела се одржува и состанок на министрите за надворешни работи во Луксембург на кој ќе се усвои заклучок за Македонија. Во него македонските политички партии ќе бидат повикани за најдат решение за политичката криза но исто така ќе се спомене и содржината на разговорите што ги објавува СДСМ и барање да се обрне внимание на овој аспект од кризата.

Истовремено европските министри ќе се обврзат дека ќе се навратат на оваа тема многу скоро и ќе изразат сериозна загриженост од настаните во Македонија.

Утрешниот состанок со премиерите од Балканот ќе биде продолжување на министерската средба во Приштина на која се разговарало за клучните транспортни мрежи во нашиот регион. Овој бриселски состанок, вели Европската комисија, треба да даде потврда на веќе договореното во Приштина преку заедничка декларација и на него треба да се разговара за конкретните чекори кои би требало да помогнат да се применат транспортните мрежи на Балканот.

Kомесарите треба да се сретнат и билатерално со балканските премиери на Албанија, Босна и Херцеговина и Србија но засега, во агедната на Хан, не е предвидена средба со македонскиот премиер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.