Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската репрезентација поразена од Украина

0
By Ivana on June 17, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со резултат од 2:1 за екипата на Украина, заврши и вториот натпревар на Македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.

Во првото полувреме Македонската фудбалска репрезентација губеше со резултат од 2:0, кога Андриј Јармоленко во 29. минута им донесе водство на Украинците. Пет минути подоцна, Роман Јаремчук ја удвои предноста.

Еден гол во 39. минута постигна капитенот Горан Пандев, но поради офсај беше поништен од страна на судиите .

Следниот гол на македонската репрезентација го даде преку Езѓан Алиоски во 57. минута, по одбиената топка, откако во претходниот обид украинскиот голман му одбрани пенал.

Пенал одбрани и македонскиот голман Столе Димитриевски во завршницата кој го одби ударот на Малиновски.

Вечер од 21 часот во Амстердам ќе се одигра другиот натпревар од 2. коло во „Ц“ групата на кој Холандија ќе ја пречека Австрија.

На „Национална арена Букурешт“, македонската репрезентација ја имаа поддршката од околу пет илјади навивачи.

Голманот Столе Димитриевски одбрани неколку шутеви на противниците, за во вториот дел да го запре и пеналот на Малиновски.

– Првото полувреме очигледно беше многу послабо од она што требаше. Во вториот дел ја покажавме нашата вистинска слика, покажавме најдобра игра што можевме на овој европски шампионат. Искрено, не сум задоволен бидејќи не помогнав доволно за да освоиме и прв бод. Сепак, тоа е фудбалот, треба да се бориме до крај, да се бориме до финишот на овој европски шампионат, истакна Димитриевски.

За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.