НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската режисерка која единствена се осмели да живее со племе во Сибир сега го освојува и Венецијанскиот филмски фестивал со два филма

0
By Marija Todorovska on August 27, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бескомпромисната Тамара Котевска повторно ексклузивно се појави во Variety годинава. Нејзиниот четврти долгометражен документарен филм кој се снима во Сибир е селектиран на престижниот копродукциски маркет на Венеција и оваа година авторката ќе се претстави со два документарни филмови на фестивалот.

Нема многу режисери во светот кои се впуштаат во толку ризични и храбри подвизи како нашата Тамара Котевска. На Сибир ретко кој на планетава може да се пофали дека бил а уште помалку дека снимал авторски филм. Котевска е редок пример на жена борец родена на македонско тло.

После четири години поминати снимајќи ја „Медена земја“, три награди на Санденс и две номинации за Оскар и долго патешествие со „The Walk“ со сириските бегалци низ Европа, филм чија премиера ја доживеа на престижниот фестивал за документарни филмови во Њујорк а потоа помина уште подолг пат околу светот на околу петнаесетина фестивали за документарен филм (Токио, Лос Анџелес, Англија, Франција, Јапонија, Јужна Африка, Швајцарија, Грција и други) и доби две гран при награди за најдобар документарен филм во Атина и во Лос Анџелес, како и награда за еден од најплодните автори во документаристиката доделена од TRT во Истанбул.

Додека светската премиера на нејзиниот трет долгометражен документарен филм „Силјан“ се подготвува на 29 август во Венеција, а американската премиера во официјална селекција на Торонто, Котевска истовремено го претставува и својот нов документарен филм кој моментално го снима во Сибир: „Мамутите кои избегаа од царството на Елрих хан“. Филмот се најде меѓу тесната селекција на копродукцискиот маркет на Венецијанскиот филмски фестивал.

Тамара не престанува неуморно да создава уникатни, неверојатно креативни, храбри и богато визуелни дела со ликови кои се претвораат во архетипи и се паметат засекогаш. Таа работи со брзина и квалитет кои ретко можат да се сретнат дури и кај светските филмски автори. Со нов филм речиси секоја година, а секој од нив на А категорија фестивали ширум светот, таа успева континуирано да ја позиционира Македонија на светската кинематографска мапа и да го одржи речиси неодржливиот стандард за квалитет во филмската индустрија.

Овој пат со својот нов документарец таа замина за Сибир на последната точка на север на планетава на која сè уште има цивилизација. Таму Котевска и кинематографот Жан Дакар со кој ова им е веќе четврти заеднички проект („The Walk“, „Силјан“ како и „Човек против јато“ – новиот долгометражен филм кој заврши со снимање годинава во август) ја следат изолираната приказна на шаманското племе Долгани во кое постои конфликт меѓу одгледувачите на ирваси и ископувачите на мамутски заби. Во Сибир поминале еден месец каде живееле заедно со племето во шатори направени од еленска кожа, јаделе и ловеле заедно со нив.

Умешноста за целосно инфилтрирање, разбирање и припаѓање во животот на своите протагонисти е една од ретките квалитети кои Котевска ги поседува како автор и која е тајната на создавање толку интимно блиски и магични дела кои не оставаат без здив. Котевска не прави филм поради правењето филм, за неа филмот е искусување непознати животи, антропологија и разбирање на психологијата на човештвото – како што вели таа.

Идејата и инспирацијата за овој филм потекнува од многу поодамна. Впрочем Котевска и кинематограферот Жан Дакар кои се запознале на сириско-турската граница додека го снимале „The Walk“, откриле дека ја делат истата љубов кон Сибир и бескрајните снежни предели на северната точка на планетата, каде според Котевска отсекогаш се криеле едни од најинтригантните и најмистериозни приказни кои од многу рана возраст и го одвлекувале вниманието преку страниците на списанието National Geographic – омилената литература на Котевска, каде се кријат најфасцинантните приказни за човекот и природата и кое има направено најголемо влијание врз нејзиниот живот и изборот за она со што се занимава денес.

Заедно со кинематограферот Жан Дакар се препознале во сензибилитетот на правење филмови и набрзо решиле да се впуштат во авантурата да направат филм на Сибир. И двајцата ја делат истата фасцинација од холандскиот фотограф и антрополог Џими Нелсон и неговата колекција „Before They Pass Away“.

Се обидувале да го направат овој филм три години. После долг и речиси невозможен процес на барање на било каков контакт за да дојдат до племето Долгани, упорноста на Котевска ја носи до човек оженет за жена од племето кој им овозможува контакт со заедницата во Сибир. Но започна војната во Русија и тие повторно не можеа да заминат. Конечно во 2024 година успеваат да го направат своето прво патување и се враќаат со чудесен материјал кој веднаш ги позиционира меѓу најпрестижните проекти селектирани на неколку светски фестивали и фондови за развој.

Котевска и овој пат се појавува во улога на режисер и продуцент на филмот. До сега проектот е поддржан исклучиво од приватни финансии на авторите и ко-продуцентите бидејќи повеќето институции и национални фондови биле исклучително скептични да се впуштат во толку ризичен проект. Проектот моментално е во потрага по партнери и финансиери за да продолжат со снимање во ноември. Котевска и Дакар се спремаат за арктичка обука во Норвешка за да можат да продолжат со снимање на температури од минус шеесет во ноември и да тргнат на патување кое трае четири дена за да се стигне до најсеверната точка на сибирската тундра.

Со ова Тамара Котевска уште еднаш покажува дека македонски автор може да го освои и најекстремниот север и најпрестижниот југ на филмската уметност – Сибир и Венеција.

 

сибир Тамара Котевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.