Здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин изрази поддршка на иницијативата за отворање на културен центар на Македонците во Благоевград кој ќе го носи името на големиот македонски поет од Пиринска Македонија, Никола Вапцаров.
Отворањето е најавено на Илинден или во септември и притоа нагласија оти очекуваат помош од македонските власти.
„Инспирирани од најавата на премиерот Димитар Ковачевски, дека ќе се отвори Клуб и Културен центар на Македонците во Благоевград, веднаш започнавме со подготовки за реализација на оваа извонредна намера. Пред неколку недели му пишавме писмо на премиерот и се надеваме дека тој и Владата целосно ќе ја поддржат нашата иницијатива за што поскоро отворање на Центарот“, велат од ОМО Илинден.
Бугарскиот државен врв пролетва присуствуваше во Битола на отворање на клубот „Ванчо Михалов“, за што имаше доста контроверзии и реакции во јавноста.