Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонски ноти во Шпанија:Филхармонијата настапи во Сарагоса и Хуеска

0
By Нова ТВ on November 2, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на петдневната турнеја во Шпанија, Македонската Филхармонија одржа два концерти во градовите Сарагоса и Хуеска. 

На 30 октомври, во салата Моцарт во Аудиториумот во Сарагоса, како и на 1 ноември во Конгресната палата во градот во подножјето на Пиринеите, Хуеска, македонските филхармоничари и врвниот Димчевски како солист, настапиле со изведбите на Шпанска симфонија оп. 21 за виолина и оркестар од Едгар Лало, како и на Шпанска увертира бр. 1 од Михаил Глинка, „сликајќи го шпанскиот дух“, а како подарок за шпанската публика, пак, беше бисот, и изведбата на македонското дело „Пијан танец“ од Сони Петровски, посветено токму на нашата Филхармонија.

 

Инаку, во серијата интернационални концерти во Сарагоса, оваа сезона свое место имаат тројца македонски претставници – Македонската филхармонија, виолинистот Ѓорѓи Димчевски и во февруари во 2019 година, пијанистот Симон Трпчески.

На концертот на Македонската филхармонија во Сарагоса, присуствуваше и в.д. амбасадорката Тина Џеповска, која ги поздрави музичарите и изрази надеж за понатамошна квалитетна соработка меѓу Македонија и Шпанија на полето на културата. Овој настан беше од голема важност за промоција на Македонската филхармонија, но и на македонската култура воопшто.

Концертите во Сарагоса и во Хуеска беа одлично посетени, а оваа турнеја е од големо значење особено за оркестарот на Македонската филхармонија, кој се стекна со неповторливо и убаво искуство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.