Македонски средношколци за првпат ќе учествуваат на светското финале на натпреварот „Aramco F1 in Schools“ во Лондон, за дизајнирање, тестирање и изработка на мини болид по примерот на моделите на Формула 1 кој работи на погон на компримиран воздух.
Дел од петчлениот македонски тим се Марио Блажевски, Мирослав Мишоски, Калин Јовановски, Никола Мишоски и Мила Перинска. Нивното учество на финалето во Лондон е уште една потврда дека Македонија е расадник на млади таленти кои, во случајот, носат огромен капацитет да развиваат технологии на почетоците на нивните кариери во инженерската област.
Пред поаѓање за Лондон, тимот на македонски средношколци беше примен од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која им посака успех на натпреварот во британската престолнина.