Македонски телеком и Т-Мобиле Македонија во соработка со Синдикатот воведуваат програма за доброволен прекин на работниот однос.
Како што се наведува во соопштението објавено на Македонска берза, овие промени, се последица на силното конкурентно опкружување и брзата динамика на пазарните движења, кои предизвикуваат негативни трендови.
Дел од промените е и зголемување на ефикасноста, како и преструктуирање и оптимизација на човечките ресурси. Компаниите во соработка со Синдикатот воведоа програма за доброволен прекин на работниот однос, која е најдобро решение за реализација на новата структура.
Станува збор за најповолна програма за доброволен прекин на работниот однос во Македонија, каде максималната сума на надомест изнесува 30.000 евра. Програмата се однесува на вработените во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.