НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонскиот јавен долг не е опаснo голем – ама опасно расте

0
By Нова ТВ on May 7, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Владимир Петрески

Владата на Република Македонија денеска се задолжи со нови 136 милиони евра на домашниот пазар на капитал, додека утре треба да врати само 2 милиони евра од претходно достасаните државни хартии од вредност (ДХВ).

Задолжувањето на домашниот пазар зазема сѐ поважно место во вкупниот јавен долг во последните 5 години. Ако на крајот од 2007 година, државниот долг на внатрешниот пазар изнесуваше само 156,5 милиони евра, тој на крајот од декември лани порасна на 805 милиони евра. А, само во првите три месеци ова задолжување порасна за уште 102 милиони евра за на крајот на март да изнесува 907 милиони евра. Ова значи дека во првите 3 месеци од годината, Владата пред локалните избори месечно се задолжуваше по 34 милиони евра во просек.
 
РАСТЕ БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ…
 
Истовремено, како што растеше задолжувањето, така растеше и трошењето, а заедно со него и буџетскиот дефицит, кој се финансира токму од овие пари. Тој во првите 3 месеци изнесуваше 185,7 милиони евра и е за два и пол пати поголем од ланските 73,6 милиони евра за истиот период. Но, лани немаше предвремени избори и немаше потреба од толку големо трошење како годинава – не беше предвидено зголемување на пензиите, зголемување на социјалната помош, предизборна исплата на земјоделските субвенции и друго. Владата имаше подготвена нацрт-одлука дури и за зголемување на платите на администрацијата, но некому веројатно му текнало дека тоа е премногу, па и покрај даденото ветување за зголемување на платите за 5 отсто, ова мораше да се остави за други времиња.
 
Во секој случај, Владата мора да биде внимателна до крајот на годината зашто буџетскиот дефицит за 2013 година е предвиден на нивото од 287,7 милиони евра (3,5 отсто од бруто домашниот производ) од кои веќе се потрошени 185 милиони, па во последните 9 месеци од годинава, таа ќе може да се задолжува само со по околу 10 милиони евра месечно, ако не сака да го навлече гневот на меѓународните финансиски институции, како Светската банка, кои и дадоа гаранција базирана токму врз почитување на зацртаните политики за да може да земе кредит, како оној од „Дојче Банк“ минатиот декември.

Инаку, државните хартии од вредност, со оглед на нивното значително користење од страна на Владата, стануваат интересни за секого. Нив воглавно ги купуваат банките и пензиските фондови, но и осигурителните компании, па дури и физичките лица од ноември лани. Огласите за аукции на државни хартии од вредност се закачуваат и по деловниците на банките за да се привлечат што е можно повеќе купувачи.

Колку се лукративни државните хартии од вредност покажува и фактот што банките во првите девет месеци лани од камати на ДХВ заработија 12,6 милиони евра во ситуација кога во истиот период вкупната добивка на сите банки изнесуваше 10,6 милиони евра. Покрај тоа што ДХВ се лукративни за банките, тие се безбедни зашто државата мора да плати и тие не мора да се занимаваат со должници кои нередовно си ги плаќаат кредитите, хипотеки на недвижности и потоа нивна продажба, која може да трае со години.
 
РАСТЕ ЈАВНИОТ ДОЛГ…
 
Истовремено, додека ваквото задолжување продолжува да расте, расте и јавниот долг. На крајот од 2008 година тој изнесуваше 20,6 отсто од бруто домашниот производ за на крајот од март да порасне до нивото од 33.9 отсто. Ова значи дека во период од 5 години тој е пораснат за над 60 отсто.

Владата кон домашниот пазар на капитал се сврте од 2010 година, откако не успеа да издаде еврообврзница во странство. Тогаш, министерот за финансии, Зоран Ставрески, во обид да издаде нова обврзница, како и претходната 2009 година, ги прошета европските финансиски центри, но безуспешно.

Тогаш беснееше  грчката должничка криза и странските инвеститори, знаејќи дека 30 отсто од банкарскиот сектор е во грчки раце (тука се мисли, пред сѐ, на „Стопанска банка, Скопје“), одбиваа да ја финансираат македонската влада со разумни камати. Веќе претходната 2009 година, еврообврзницата од 175 милиони евра, која беше отплатена на 8 јануари годинава, имаше камата од 9,9 отсто, така што можеме само да замислиме какви камати барале странските инвеститори една година подоцна.

Пред да се случи ова, пак, премиерот Груевски изјави дека кога една држава се задолжува на странските пазари на капитал, наместо преку ММФ, таа е гледана со поинакви очи во светот. Но, кога ова не успеа и кога стана реална можноста Владата да остане без пари, таа, сепак, се сврте кон ММФ и потпиша аранжамн од 480 милиони евра од заемот за претпазливост. По ова, единствено што остана беа кредитите од комерцијалните банки во странство со гаранција од Светската банка и државните хартии од вредност, кои сега наголемо се користат.

Сето ова го зоглемува јавниот долг, се разбира. Експертите, како Петар Гошев, на пример, сметаат дека нивото на јавниот долг, кое власта го прикажува, не ги опфаќа сите долгови и дека тој во стварност изнесува околу 40 отсто. Другите експерти, пак, изразуваат загриженост не за големината на јавниот долг, туку за неговиот забрзан раст, кој не може да продолжи да расте на овој начин. Ако се повтори трендот од последните 5 години и ако долгот повторно порасне 60 отсто и во следните 5 години, тогаш тој ќе изнесува над 54 отсто од БДП, што веќе станува опасно.

Имено, ММФ има општи водилки кои се однесуваат на јавниот долг и според кои тој за земјите во развој, како нашава, никако не би смеел да надмине 60 отсто од БДП, иако е прашање дали во овие услови на европска должничка криза Македонија воопшто би можела да поднесе и ниво на задолжување од 50 отсто пред да се соочи со банкрот. Затоа, било какви споредби на македонскиот јавен долг со грчкиот, кој изнесува над 150 отсто од грчкиот БДП, се едноставно несериозни.

Македонија никогаш не би можела да издржи ни приближно такво задолжување и би банкротирала многу порано. Не треба да се заборави дека во 1990 година, со падот на комунизмот, Албанија се најде во состојба на несолвентност и банкрот, иако имаше долг од само 17 отсто од БДП. За да се случи ова не треба да останете без ништо. Доволно е на денот кога треба да се раздолжите да не можете да го сторите тоа.
 
СЕ ПРИБЛИЖУВА РОКОТ ЗА ОТПЛАТА…
 
Но, покрај растот на јавниот долг земјава се соочува со уште еден проблем. Најголем дел од нашиот долг, за разлика од развиените земји, треба да се врати или рефинансира во периодот од 2015-18 година, што значи многу брзо. Од друга страна, пак, САД на пример, вообичаено издава државни обврзници на 10 или 30 години, што значи дека нивниот јавен долг, колку и да е голем, е растегнат на долг период, додека нашите кредити ретко кога се со поголема рочност од 5 години. На ова предупреди и претставникот на ММФ, Александар Тиеман за „Утрински“ пред 2 месеци:
–          Македонската Влада ќе се соочи со значителни доспевања за исплата на долгот, особено во периодот 2015-2018 година. Властите се секако свесни за тие отплати, и затоа се во добра позиција да планираат однапред – рече тој.
 
… И ЗАБАВАТА ПРИВРШУВА
 
Сето ова покажува дека на „забавата“ преполна со трошење на споменици, управни згради и слично и се приближува крајот и дека власта конечно ќе мора да се присобере пред да треба да завршиме кај ММФ со испружена рака и со „стенд бај“ аранжман и со тоа да се вратиме децении наназад. Но, дали актуелната власт ќе успее да владее во ситуација кога нема засилен меѓународен економски раст, како пред 2008 година, во ситуација кога не ќе може да го експлоатира домашниот финансиски пазар за пари како во изминатите 5 години и во ситуација кога над светот не му надвиснува глобална рецесија заради која странските кредитори беа подготвени да даваат стотици милиони евра за поволни кредити, само за да ја одржат глобалната економија во движење, останува да се види. 

Во секој случај, за Груевски и компанија доаѓаат поинакви времиња кога парите ќе бидат ограничени и кога ќе треба да се владее домаќински, преку политики и мерки за кои не ќе биде лесно да се потрошат куп пари. Едноставно, времиња кога оваа власт ќе мора да се спушти на земја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.