Искра Пановска Димкова: Македонскиот јазик е истовремено и мал и голем јазик – мал е зашто го зборуваат мал број луѓе, а голем е зашто на него се напишани илјадници наслови уметничка литература, прекрасна поезија, но и врвни научни дела.
Денес сме свртени кон европската иднина на нашата земја, а со тоа и на македонскиот јазик како рамноправен член на европското семејство јазици. За рамноправноста на јазиците впрочем зборувал и Св. Кирил пред точно илјада сто и шеесет и една година, кога ги изговорил зборовите актуелни и денес:
Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така еднакво за сите? Зарем не дишеме воздух сите еднакво? Линк