Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонскиот народен театар прославува 80-ти јубилеен роденден

0
By Marija Todorovska on January 31, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот народен театар го одбележува 80-тиот јубилеен роденден. Од МНТ наведуваат дека нивната приказна која се раскажува и трае веќе осум децении започна да се ткае веднаш по ослободувањето во ноември 1944 година од страна на група истакнати театарски дејци, да се прикажува во декември истата година преку пет едночинки и да се испишува со почетокот на 1945 година: на 3 јануари со вработувањето на 60-те актери и технички, административен и сценски персонал и на 3 април со кревањето на завесата – премиерата на претставата „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески.

– Тоа е приказна која нашите театарски предци со голема љубов, труд и возбуда сите овие години неуморно ја твореа и ја создаваа во националниот театар, а ние, денешните генерации, ја пренесуваме и ја доградуваме за да ја сочуваме вредноста и достоинството во негувањето на културната и националната историја, велат од МНТ.

Во Македонскиот народен театар лани се изведени повеќе од 240 претстави и настани, посетени од над 84.500 гледачи, соопшти денеска МНТ, оценувајќи дека успешно ја завршиле 2019 година.

Македонскиот народен театар, како што посочуваат, денеска работи со веќе постоечкиот уметнички ансамбл, со тенденција за збогатување на нова и млада актерска сила. МНТ ја продолжува приказната и традицијата со креирањето на секој нов процес – проект, како и ширење на меѓународна и културна соработка. Следејќи ја националната стратегија за развој на Министерството за култура и туризам, Македонскиот народен театар ја има неговата голема поддршка како и поддршката од целата јавност.

Поради тоа, театарот својата благодарност ја искажува со целата креативност, историја, стручност и можности и неговиот исклучителен сјај ќе го продолжи со низа настани во текот на целата година: новите претстави кои следат оваа година, гостувањата на МНТ надвор од својата матична сцена, поинтензивни гостувања низ другите градови во земјата, гостувањата на други театри и културни институции во МНТ, настапи и настани, наведуваат од НУ Македонски народен театар.

80 години МНТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.