Управата на Атланта Хоукс и официјално го потврди договорот со репрезентативецот Перо Антиќ на веб сајтот на клубот.
„Перо е вешт и сестран кошаркар, кој ќе ни донесе дополнителен квалитет во играта. Сигурен сум дека одлично ќе се вклопи во тимот што сакаме да го формираме “, вели Дени Фери, генералниот менаџер на Атланта.
„Возбуден сум и почестен што ќе бидам дел од НБА лигата. Потребен ми беше нов предизвик по двете сезони во кои ја освојував титулата во Евролигата“, изјавува Перо Антиќ.
Антиќ во Атланта доаѓа по двегодишниот престој во грчки Олимпијакос со кој освои две европски титули. Тој има статус на недрафтуван слободен агент и неговата годишна плата не може да биде помала од 500.000 долари според колективниот НБА-договор.