Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонскиот „Силјан“ триумфира во Венеција: Филмот на Тамара Котевска ја освои наградата за најинспиративен филм

0
By Marija Todorovska on September 5, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во срцето на Венеција, на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот, Македонија испиша ново златно поглавје. „Силјан“, новиот документарен филм на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска, ја освои една од најретките награди на Биеналето – „Cinema and Arts Award“, позната и како „Наградата на Музата“, дел од официјалната натпреварувачка програма. Во конкуренција од 20 филмови за ова признание, „Силјан“ го освои првото место и беше прогласен за најинспиративен филм на биеналето.

Иако беше вон главната конкуренција („Out of Competition“) за Златен лав, токму „Силјан“ успеа да се издвои и да замине од Венеција со врвно признание.

„Out of Competition“ е официјална секција на фестивалот, втора по важност веднаш зад „In Competition“. Во неа традиционално се вклучуваат светски автори како Werner Herzog и Sofia Coppola, кои своите нови дела ги претставуваат пред глобалната публика, додека нивните филмови паралелно патуваат и на други А Категорија фестивали. „Силјан“ е еден од ретките филмови што во исто време го освоија и Венеција и Торонто, па токму оваа престижна позиција овозможи да блесне на двете најголеми сцени годинава.

„Ова е мојот најважен филм досега, затоа што во секоја смисла беше најголемиот предизвик за мене и како режисерка и како продуцентка на документарци. Го започнав во време кога филмската индустрија во мојата земја беше во длабока криза, и токму затоа решив да тргнам сама, не сакав да стојам во место. Филм започнат со толку лична инволвираност и страст, за само две години прерасна во она што е денес. „Силјан“ е моја лична приказна, поврзана со моите корени и мојата култура, и затоа можев толку искрено да ја преточам во овој храбар и артистички филм,“ изјави Тамара Котевска за време на доделувањето на наградата.

„Силјан“ е документарна бајка инспирирана од македонскиот фолклор од 17-ти век. Филмот ја следи судбината на Никола, земјоделец кој по тешка криза останува сам и на депонија пронаоѓа бел штрк со повредено крило. Од таа средба започнува магична врска што станува метафора за човечкиот опстанок, нежност и надеж. „Во најзаборавените, но најбогати и живописни предели успеав да најдам приказна што е совршено огледало меѓу животите на белите штркови и човештвото воопшто,“ вели Котевска.

Официјалниот критичар на Венецијанското биенале (Venice Film Festival) вели дека приказната за „Силјан“ има истата извонредна и ненаметната универзалност како „Honeyland“, но со многу подлабок уметнички израз. 

Филмот зад себе има импресивен меѓународен тим – од Ciconia Film, преку Concordia Studios и The Cornershop, до продуцентката Anna Hashmi. Jean Dakar стои зад мајсторската кинематографија, а Мартин Иванов ја обликува приказната со беспрекорна монтажа. Музиката е дело на Joe Wilson Davies и Hun Oukpark од студиото на Hans Zimmer и создава повеќеслоен звук што станува невидлив лик во филмот. Јорданчо Петковски е клучен продукциски соработник на Котевска со кого веќе има долгогодишна успешна соработка. Само две недели пред заминувањето во Венеција, тимот го заврши снимањето на првиот долгометражен игран филм на Котевска, „Човек против јато“.

Hollywood Reporter го нарекува филмот „апсолутен шармер, трогателен поглед на врската меѓу човек и птица, со сите нејзини мистерии, топлина и практични предизвици.“ Критиката посочува дека „со мајсторска widescreen кинематографија од Jean Dakar, беспрекорна монтажа од Мартин Иванов и повеќеслоен музички запис од Davies и Oukpark, филмот се движи меѓу раскошни пејзажи и интимни сцени, создавајќи највозбудливи секвенци што фокусот го ставаат на невозможно елегантните птици и нивните гнезда на покриви, камбанарии и електрични столбови.“ 

силјан Тамара Котевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.