https://www.youtube.com/watch?v=kYYg1lKzZnU
Филип Димитровски, Костадин Лазаров, Дарко Тодоровски и Филип Макрадули го освоија првото место на глобалниот Space App предизвик на НАСА.
Тимот на тројцата средношколци и еден студент на ФИНКИ, „Avis“, првото место го освои со 48. 195 гласови, со убедливо водство пред останатите 24 тимови.
Сега следува официјална верификација на резултатите од НАСА по што ќе отпатуваат во „Кенеди спејс центарот“ во Флорида, каде ќе имаат можност да го развиваат својот проект, а ќе имаат шанса и да присуствуваат на лансирање на ракета.
Тие одбраа предизвик од категоријата Аеронаутика. Предизвикот се вика „Don’t crash my drone“и целта беше да им се овозможи на корисниците на дронови во домашни услови да можат да летаат и да си „играат“ со дроновите, но на многу лесен начин и без страв дека ќе го срушат или скршат својот дрон.
Тие дошле до идеја дека нивното решение треба да биде за секого – односно дека секој да може да лета дрон. Затоа, покрај обична апликација за Андроид, имплементирале и алка за рака која го движи дронот според движењето на раката. Исто така, алката има известувања за забранети зони за летање и параметри за одредени климатски услови.