Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските болници должни „до гуша“ – милиони евра долгови и блокирани сметки

0
By Менче Атанасова Точи on July 21, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Долгови кои растат и кои станува речиси невозможно да се враќаат – ваква е состојбата со здравствените установи ширум земјава според последните податоци на Фондот за здравствено осигурување.


Меѓу најголемите должници се болниците во Куманово, Прилеп, Охрид, Болницата „8 Септември“, Градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“, Институт за трансфузиона медицина, Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Директорите на болниците иако свесни за тешката состојба, се тешат дека вистинските долгови се оние неподмирените, а не и тие што треба да достасаат за два, три или четири месеци. Но, според податоците на Фондот и ненадмирените долгови кои во април годинава изнесувале 41 милион евра, бележат зголемување за 4,2 проценти во однос на јануари, кога изнесувале 40 милиони евра. Професорот по јавно здравство и здравствен менаџмент на Универзитетот во Софија Методија Трајаноски предупредува дека ситуацијата воопшто не е наивна.

„Според последниот извештајот за реализација на средствата од Буџетот на ФЗОМ и на буџетите на Јавните здравствени установи, гледаме еден неповолен растечки тренд на зголемување на вкупните обврски во здравствените установи, а што е уште поаларматно e зголемувањето на достасаните ненамирени долгови за 2014 година, кое повлекува блокирање на сметките на установите од страна на доверителите кои се однесуваат на купување на лекови, подмирување на режиските трошоци и слично“, изјави Трајаноски.

Трајановски додава дека за апсурдот да биде поголем, со воведувањето на трезорското работење на Фондот платите на вработените не можат да бидат блокирани. Или, вработените земаат непречено плата од посебна сметка, додека за лекови, храна и останати трошоци се набавува доколку нешто остане на другите сметки или ако не се блокирани. Според експертите, сето ова се одразува на квалитетот на здравствените услуги, а сметката ја плаќаат пациентите.

Болниците најмногу должат на добавувачите на лекови и медицински потрошен материјал и затоа нивните сметки често се блокирани. Веледрогериите често пати се закануваат дека ќе престанат со испорака на лекови, што создава паника и страв кај менаџерите.
Само кон добавувачите и само до Април годинава болниците натрупале речиси 40 милиони евра долг, како и над 35 милиони евра долгови по различни основи за истиот период според податоците на Фондот.

Една од најзадолжените болници е Градската општа болница „8 Септември“ каде што долговите во моментот достигнаа до неверојатни 4 милиони евра. Раководството на болницата вели дека 2,5 милиони евра биле пренесени од минатата година, а останатиот долг е поради зголемениот вид и обем на здравствени услуги. Со годишен буџет од 10 милиони евра болницата не е во можност да ги намали натрупаните долгови. Директорот Сашо Стојчев за НОВА вели дека во моментот немаат блокирани сметки бидејќи успеале да ги решат со вонсудско репрограмирање на долговите.

Тој уште минататa година предупреди дека болницата може да престане со работа поради долг од 2,5 милиони евра бидејќи добавувачите се заканувале дека ќе ја прекинат испораката на лекови, а имале и еден куп извршни решенија за наплата на струја, вода и мазут. Сега Стојчев се надева на помош од Фондот и од Министерството за здравство.

„Се надеваме дека ќе се реши проблемот, има позитивни сигнали од Фондот за здравствено осигурување, а се надеваме дека ќе ги добиеме и парите од Програмите од Министерството кои ни ги должи. Долговите главно настанаа поради зголемениот вид и обем на здравствени услуги во последната година“, изјави за НОВА директорот Стојчев.
Познавачите сметаат дека зголемените долгови се и резулатат на реформата со која пациентите наместо на скопските клиники масовно се препрепраќаат во болницата „8 Септември“.

Не само пациентите од Скопје, во оваа болница се препраќаат и пациенти од други градови, се со цел да се намали нивниот број на клиниките за лекарите повеќе да се занимаваат со научна работа.

„Не само што не се намали нивниот број на клиниките, туку се зголеми обемот на работа и „8 Септември“ тоне во загуба, а лекарите се преморени од работа“, велат лекарски извори за НОВА од оваа болница.

На прашањето зошто драстично се зголемуваат долговите речиси сите директори кои ги контактираше НОВА вината ја посочија во малите буџети кои ги добиваат од Фондот. Но, прстот го вперуваат и во Министерството за здраство кое нередовно им ги исплаќа парите кои се предвидени со програмите.

Од Клиничката болница во Тетово велат дека Министерството за здравство четири години им нема исплатено пари од Програмите. Станува збор за фантастични еден милион евра, пари кои Министерството и ги должи на тетовската болница.

„Во моментот немаме блокирани сметки, ниту притисоци од побарувачите бидејќи при исплата не фаворизираме ниту една компанија, на сите им плаќаме во зависност од тоа колку финансиски средства имаме во трезорот. Ги детектираме проблемите кои потекнуваат од реално малиот буџет од Фондот и неисплаќањето на парите од програмите, кратиме од сите страни, така што некако успеваме да намалиме дел од долговите“, изјави за НОВА Фљорим Бесими, директор на Клиничката болница во Тетово.

Бесими вели дека во моментот имаат 67 000 евра достасани неподмирени долгови, а поради летото кога се намалуваат режиските трошоци за струја и парно, успеваат да соберат повеќе пари во касата за да можат да враќаат дел по дел од долговите.

Иако, според последните податоци од Фондот, Клиниката за радиологија и онкологија се јавува како еден од најголемите должници директорот Милан Ристески тврди дека успеале да намалат дел од долговите и сега вкупниот долг изнесува 11,5 милиони евра.

„Ние наследивме долг од 27 милиони евра од 2012 година. Во меѓувреме плаќавме долгови и ја реновираме болницата, половина од долговите успеавме да вратиме. Тоа го постигнавме со намалување на цената на лековите“, изјави за НОВА Ристески.

Во Клиничката Болницата во Битола се пофалија дека успеваат да намалат дел од долговите. Вкупните долгови кои во април биле 2,6 милони евра, сега се намалени на 1,7 милиони евра. Велат дека моментот немаат блокирани сметки.

Повеќето од директорите не сакаат да зборуваат јавно за состојбата во која се наоѓаат установите кои ги водат. Во анонимен разговор со НОВА повеќето од нив велат дека вината ја гледаат во се поголемиот број неплански и нестратешки направени реформи кои не само што не ги излечиле болестите на здравството, туку ги влошиле и симптомите.

Сепак, долговите остануваат и додека едни се исплаќаат, нови сметки постојано пристигнуваат. Како ќе се враќаат овие натрупани долгови никој од надлежните не не умее да одговори. Од Фондот за здравство со години наназад искажуваат загриженост за ваквата состојба. Не помогнаа курсевите за менаџери кои ги посетуваа директорите на болниците, ниту воведување на двајца директори, економски и медицински, кои заеднички ги потпишуваат документите за да нема злоупотреби. Медицинските директори обвинуваат дека воведувањето на економски директор не само што не дава резултати, туку нивните месечни примања дополнително ги оптоваруваат буџетите на болниците. Не важи ниту ветувањето на Министерството за здравство дека ќе ги смени менаџерите на болниците кои генерираат долгови повеќе од три месеци. Животот на рати, судските извршни решенија, заканите од веледрогериите дека ќе ја прекинат испораката на лекови, станаа секојдневие и вообичаена пракса во македонските болници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.