На 7 февруари 1968 година пред точно 50 години, физиотерапевтите го започнаат своето професионално патување со првиот записник број 1 кој беше почетна точка за делување како во земјата така и во странство.
Од тогаш па наваму оваа гранка од медицината постојано се усовршува, Медицински факултет отвора простор за факултетски образовани кадри, а се следат и светските трендови во физотерапијата.
Здружението на Професионионални Физиотерапевти на Македонија го одбележа јубилејот каде бeа доделени плакети на пионерите-терапевти кои се заслужни за афирмацијата и развојот на Физиотерапијата и Работната терапија во Република Македонија.