Музички уметници, македонски естрадни, ја поддржуваат кампањата НосамМаска. Влатко Стефановски, Никола Перевски, Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ружица Милошеска Брчиоска преку видео порака порачуваат дека носењето маска значи наскоро отварање на концертни сали, дружење со фановите, но и лична грижа, и одговорност за здравјето на другите.
-Секој еден од нас има одговорност за грижа за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на своите најблиски. Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичко растојание, како и честото миење на рацете, во моментов се единствените мерки кои може да го спречат ширењето на коронавирусот- наведуваат од Министерството за здравство.
И премиерот Заев ја поздрави кампањата.
-Нашите уметници, музичари сакаат да ве видат што поскоро во публика на нивните концерти и настапи. Затоа носат маска, затоа и јас #НосамМаска, затоа и сите вие треба да носите маска, напиша премиерот Заев на фејсбук.