Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските ракометари триумфираа над светскиот првак Данска

0
By Нова ТВ on March 11, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската ракометна репрезентација вечерва на селекторското деби на капитенот Кирил Лазаров во блескаво издание триумфираше над неодамна крунисаниот светски првак Данска со 33:29 (17:13) во рамки на третото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Со сигурен напад во првиот дел и цврста одбрана предводена од одличниот Никола Митревски со девет одбрани, македонските ракометари ја лимитираа Данска на само 13 голови во првите 30 минути обезбедувајќи предност на полувреме од четири голови разлика.

Македонскиот состав со повратникот во репрезентацијата Филип Миркуловски продолжи во ист стил во вториот дел и со серија од 4:0 стигна до највисоки плус осум, 25:17, во 45-та минута.

Данска, која допатува во Скопје непосредно пред натпреварот, врати со три голови во серија, но Лазаров и соиграчите рутински го приведоа мечот до самиот крај за прва победа во меѓусебните дуели против актуелниот светски и олимписки првак.

Дејан Манасков, Филип Талевски и Филип Кузмановски беа најефикасни во „црвено-жолтиот“ дрес со по пет голови, а Митревски запиша 13 одбрани на голот.

Реванш натпреварот меѓу двете репрезентации ќе се игра в недела, од 16 часот., во Алборг.

Претходно денеска во рамки на квалификациската група 7, Швајцарија ги запиша првите бодови, триумфирајќи како гостин над Финска со 32:19.

По три одиграни кола, македонската репрезентација е првопласирана во групата со максимални шест бодови, пред Данска со 4, Швајцарија 2 и Финска без бодови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.