Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските власти ги потопија надежите за бугарски пасоши врз основа на пописот

0
By Нова ТВ on February 24, 2021 ПОЛИТИКА
Румен Радев
Румен Радев
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските власти ги потопија надежите на културниот центар во Битола – што ги поздрави  претседателот Румен Радев – дека секој што ќе се регистрира како Бугарин на претстојниот попис во земјата, може да добие бугарско државјанство по скратена постапка, пренесува бугарски „Дневник“, посочувајќи дека тоа е епилог на пораките од Заводот за статистика во Македонија.

-Последниве денови некои медиуми во земјата ја коментираа идејата за Центарот за култура Иван Михаилов, кој испрати такво писмо до претседателот Румен Радев, премиерот Бојко Борисов и вицепремиерите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов.  Со оглед на тоа што повеќе од 100.000 луѓе станаа бугарски државјани, а „десетици илјади“ го чекаат ова, според нив можноста да се докаже со копија од формуларот од пописот дека некој се чувствува Бугарин може да ја олесни постапката.Таквата идеја, сепак, ќе биде исполнета со измешани чувства во Бугарија и Северна Македонија.

Во Бугарија се ближат изборите, но има и спомени од шемите за доделување бугарско државјанство во последните неколку години, кои ја разнишаа Државната агенција за Бугарите во странство. Како дополнение, се создаде предуслов за секој што сака да се идентификува како Бугарин. па и ако е Албанец, Влав, Бошњак, Турчин или дел од некоја од другите групи. Во Северна Македонија претстои попис, важен не само заради спорот околу историјата и политиката со Бугарија, туку и заради односот меѓу етничките Македонци и Албанците, кој не е проверен 20 години. Претседателот Румен Радев по повод писмото до бугарските институции повика бугарските власти  „да ги олеснат процедурите за стекнување бугарско државјанство за оние кои отворено го изјаснуваат својот бугарски идентитет“. Според него, „институциите кај нашиот југозападен сосед треба да го гарантираат правото на нашите сонародници да се самоидентификуваат како Бугари по потекло во согласност со принципите на меѓународното право“.

Бугарите во моментов немаат малцински статус на рамноправно ниво со другите групи – не само Албанците, туку и Србите, Бошњаците, Турците, Власите и Ромите – и не се специфично назначени како група со не-македонско потекло. Прашањето е деликатно и поради споровите околу тоа дали Скопје ги охрабрува обидите да се зборува за „македонско малцинство“ во регионот на Пирин. Иако е можно да се изрази припадност кон бугарската етничка група на пописот, не е можно да се добие фотокопија од пописните списоци. Методологијата за попис јасно вели дека припадноста кон етничка заедница е едно од најчувствителните прашања и ништо не треба да влијае на одговорот – попишувачот треба да го праша лицето само за неговата припадност, а не да му чита на предложените одговори. Ако одговорот на испитаникот не се совпадне со кој било од нив, тој се додава.Прашањето дали да има посебна рубрика „Бугари“ и дали тоа би поттикнало повеќе луѓе да се декларираат,  не доби недвосмислен одговор на јавните дебати во земјата кога беа покренати.  Во исто време, на пописот од 2002 година беа идентификувани само 1.417 лица како Бугари. Бугарските организации тврдат дека вистинскиот број е повеќекратно поголем, но многумина избираат да не го дадат, пишува „Дневник“.

извор:независен.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.