Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонците се пооптимисти за 2021 во однос на светот

0
By Нова ТВ on December 23, 2020 АНАЛИЗА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во земјава речиси двојно повеќе анкетирани очекуваат дека 2021 година ќе биде подобра (50%) во однос на оние кои очекуваат дека ќе биде полоша (26%), 22% сметаат дека ќе биде иста и 3% не знаат.

Оваа година, студијата на Галуп интернешнл беше спроведена во повеќе од 40 земји при што беа анкетирани повеќе од 38.000 граѓани во светот. Македонија беше дел од ова истражување спроведено од страна на истражувачката агенција БРИМА, членка на Галуп интернешнл.

На второто прашање – „Во споредба со оваа година, според вас, дали следната година ќе биде година на економски просперитет, економски потешкотии или ќе остане иста за нашата земја”? – на глобално ниво скоро половината анкетирани граѓани очекуваат дека 2021 година ќе биде година со економски потешкотии (46%), 25% очекуваат дека ќе биде година на економски просперитет и близу на тоа сметаат дека ќе биде иста како и претходната (24%). Сликата за економскиот просперитет на глобално ниво е под силно влијание на одговорите на граѓаните од ЕУ кај кој изразито доминира песимизмот. Ваквите одговори се должат на фактот дека пандемијата во многу земји на ЕУ не покажува знаци дека е под контрола и 63% сметаат дека следната година ќе биде година на економски потешкотии.

Во Македонија повеќе од половина анкетирани сметаат дека 2021 година ќе биде година на економски потешкотии (52%), наспроти 28% кои сметаат дека ќе биде година на економски просперитет и 18% очекуваат дека ќе биде иста како и претходната.

„Општо земено, дали вие лично се чувствувате многу среќно, среќно, ниту среќно ниту несреќно, несреќно или многу несреќно во животот?”. На глобално ниво сепак, и покрај економскиот песимизам, се чини дека среќата успева да блеска; 54% од светската популација се опишува себеси како среќни (многу среќни 13% + среќни 41%), a 14% дека се несреќни (несреќни 10% + многу несреќни 4%). На светско ниво индексот на среќа изнесува +40%.

Во Македонија во однос на прашањето како лично испитаниците се чувствуваат добивме процентуално слични бројки, односно 29% одговорија дека се чувствуваат среќно, 38% ниту среќно ниту несреќно и 32% од испитаниците се чувстуваат несреќно. Индексот на среќа изнесува -3%.

„Во ваков редок случај кога имаме вистинско глобално јавно мислење, светот како целина го задржува својот оптимизам за следната година, но песимистичките ставови се доминантни во повеќе земји од вообичаеното. Додека луѓето очекуваат претстојната 2021 година да донесе крај на пандемијата, нема илузии дека економските потешкотии ќе бидат надминати во краток рок. Со сигурност, дискусијата за рамнотежата помеѓу здравствената заштита и просперитетот ќе биде во фокусот на глобалното внимание во следните години”, вели Канчо Стојчев, претседател на ГИА.

Истражувањето на крајот на годината (EoY) на Галуп интернешнл (Gallup International) е годишна традиција иницирана и дизајнирана под претседателство на д-р Џорџ Галуп во 1977 година. Од тогаш се спроведува секоја година. Оваа година таа беше спроведена во 41 земји низ светот. Вкупно 38.709 лица биле интервјуирани на глобално ниво. Во секоја земја репрезентативен примерок од 500 до 1.500 анкетирани. Во поголемиот број земји примерокот е околу 1.000 мажи и жени интервјуирани во текот на октомври-декември 2020 година по пат на теренска анкета лице в лице, преку телефон или преку интернет. Маргината на грешка за истражувањето е помеѓу +/- 3-5% на 95% ниво на доверба.

Анкетата во Македонија ја спроведе БРИМА на национално репрезентативен примерок во кој беа опфатени 504 граѓани на возраст 18+ години во периодот од 1 до 9 декември 2020 година. Маргина на грешката изнесува +/- 4.4% на 95% ниво на доверба. Истражувањето беше спроведено со метод на телефонска анкета (CATI –Computer Assisted Telephone Interview).

преземено од мкд.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.