Бранко Тричковски: Не сум сугурен дека и сета уметност може да го предизвика моето чувство за неуспех. Затоа што за разлика од Македонија, јас сум успешен. Македонија не е само неуспешна приказна туку е полна со поединци и цели групи кои го стимулираат моето чувство за успех. Бертолд Брехт рекол за владата во Источна Германија: „Ако народот не стане подобар, владата ќе го распушти и ќе избере нов“. Јас би го сменил македонскиот народ. Почнав да не ја поднесувам неговата приказна. Таа е инструмент за измачување и хендикепирање на луѓето, а во вакви времиња и за политичка и културна кретенизација. Политичките филозофи и историчари, како што се Исаија Берлин, Кенет Миног, Роберт Конкест, Џонатан Гловер, Џејмс Скот, Даниел Чиро, ги истакнуваат утописките соништа како главен извор на катастрофата на дваесеттиот век. Линк