Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон: Европа треба да биде солидарна со Балканот и Африка во борбата против пандемијата

0
By Нова ТВ on February 26, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Францускиот претседател Емануел Макрон на прес конференцијата во Елисејската палата по самитот на ЕУ, синоќа истакна дека Европа треба да го преземе својот дел во меѓународната солидарност во борбата против светската пандемија, јави дописникот на МИА.

-Пред една година ние ја лансиравме иницијативата Акт А – солидраност за Африка. Јасно е дека ние имаме потреба да ја изградиме солидарност кон нашите соседи, особено кога станува збор за Балканот и Африка, рече францускиот претседател.

Таа солидарност, додаде тој, се темели на санитарна помош, на вакцините, третманот, дијагнозите, поддршката на примарниот здравствен систем, производството на целиот овој материјал, а, исто така, и на економската поддршка, како што ние почнавме да го правиме и ќе продолжиме.

Во однос на вакцините, тој потсети дека ја бранел идејата на Франција на последниот самит на Г7 и да одговори на повикот на СЗО, МО на Франкофонијата и Африканската Унија и Европскиот парламент

-Ние денеска потсетивме дека нема да го победиме вирусот, доколку успееме само да развиеме кампања на вакцинирање на целата планета  и особено кај нашите соседи, особено во Африка, додаде Макрон.

Францускиот претседател притоа појасни дека дозите кои Франција ќе и ги отстапи на Прага, не се дел од таа меѓународна солидарност, односно таа која ќе биде насочена кон земјите од Балканот. Засега не се зборува за бројот на дозите наменети за земјите од Балканот.

Во ЕУ, вакцинацијата почна на крајот на декември.

Северна Македонија исто така се надева дека ќе обезбеди испорака на вакцината АстраЗенека во март преку системот Ковакс. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.