Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон и европските либерали со ново политичко движење за ЕУ изборите

0
By Светлана Јовановска on September 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Францускиот претседател Емануел Макрон тргнува во битка со екстремната десница во Европскиот парламент (ЕП). Тој и шефот на европските либерали Ги Верхофштад, поранешен белгиски премиер, најавија ново движење на либерали и центристи со кое ќе се претстават на европските избори закажани за мај 2019 година, изјави Белгиецот за француски и белгиски медиуми.

Според него, тие влегуваат во битка против националистите и популистите:

– По средбата на Орбан и Салвини, борбата за 2019 година ќе се одвива помеѓу популистите и националистите од една страна и про-европската алтернатива, рече тој за белгиското национално радио.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини се сретнаа на крајот на август во Милано и изјавија дека “заедно ќе одат по истиот пат” со креирање на анти-мигрантски фронт кој, според нив, ќе им се спротивстави политиките на Макрон и со кој сакаат да ја сменат и политиката на Европската комисија (ЕК) со тоа што би победиле на европските избори а тоа би им дозволило да именуваат претседател на оваа институција.

Макрон, Верхофштад но и канцеларката Меркел како и премиерите на Луксембург, Холандија – Ксавие Бетел и Марк Руте – се загрижени поради порастот на екстремистите во повеќе земји во ЕУ. Макрон се сретна со Меркел, Бетел и Руте.

Поранешниот белгиски премиер тврди дека тој и Макрон ја “ја делат истата анализа” и дека имаат “повеќе или помалку исти предлози” за иднината на ЕУ. Со ова движење, чие има ќе биде објавено во октомври, тие ќе формираат политичка група во ЕП.

– Тоа ќе биде нешто ново. Ќе биде движење, про-европска алтернатива против националистите, изјави Верхофстад. И додаде дека тоа движење ќе треба да има тежина во ЕП и да биде алатка за сопирање на националистичкиот и популистички бран кој сака да ја освои ЕУ.

Особено загрижувачки се насилните манифестации од последните денови во германскиот град Шемниц:

– Не мислам дека повеќе луѓе ќе гласаат за националистите и популистите, но тие движења стануваат се поагресивни и отворено кажуваат дека сакаат да ја уништат европската градба и ЕУ со употреба на проблемот со миграцијата, анализира Белгиецот.

Европскиот систем на одлучување датира од 19 век

Според заедничката анализа помеѓу него и Макрон, потребен е проект во кој ќе се стави крај на системот во кој, кога има проблем, треба да се добие согласноста на сите 28 земји членки во ЕУ. Според него, тоа не функционира и секогаш кога ќе се појави проблем, со потрагата по едногласност се губи скапоцено време и решението доаѓа предоцна:

– Видовме дека тоа не функционира. Секогаш доаѓаме предоцна и нашите мерки се слаби затоа што нашиот систем на одлучување во институциите не е адаптиран на денешниот свет кој се движи многу брзо, вели тој и додава дека европските системи на одлучување датираат од 19 век и од тие причини мерките на ЕУ за, на пример, миграцијата, доаѓаат предоцна и им дозволуваат на популистите да го завземат политичкиот терен.

Тој ја дава како пример на овој феномен миграцијата и ЕУ правилото според кое ЕУ земјата во која пристигнува еден мигрант е таа што треба да се грижи за него па со тоа сите проблеми со мигрантите паднаа врз грбот на Италија, Грција и Шпанија. А во тој процес најголемиот број ЕУ партнер не покажаат ни трошка солидарност и го оставија товарот врз овие земји.

Верхофштад вели дека Макрон сака од европската демократија да направи транснационална и пан-европска демократија:

-Тоа ни е потребно и таму треба да се наоѓа власта а не само на масата на 27 или 28 ЕУ лидери. Европската демократија е во опасност и тоа е главниот предизвик на следните европски избори, вели тој.

Макрон формираше свое движење со кое ја освои власта во Франција и сака со слична стратегија да настапи на ЕУ изборите во 2019 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.