Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека во наредните денови планира да оствари нови телефонски разговори со рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Владимир Зеленски.
„Во следните денови повторно телефонски ќе разговарам со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин“, изјави Макрон за ТВ „Франс 2“.
Тој на 7 февруари ја посети Москва и разговараше со Путин, а следниот ден францускиот лидер беше и во Киев на средба со Зеленски.
„По дијалогот во Москва, Макрон и Путин имаа редовни телефонски разговори, а во последните неколку недели имаше вкупно девет“, јави ТАСС.