Мерсел Биљали: Освен царинскиот удар, Трамп е спремен да го урива заедничкиот безбедносен систем ако во Европа не се плаќа 2% од БДП, граница што ниту Германија и Франција не ја исполнуваат. Трамп на предизборен митинг во Јужна Каролина, ги предупредил сојузниците на НАТО дека ќе ја „охрабри“ Русија „да им прави што сака“ на земјите што „не ги платиле своите сметки“. А без НАТО ќе биде многу тешко и за ЕУ. Ќе биде интересно да се види како Европа ќе реагира на одлуката на Трамп за војната во Украина и дали одговорот ќе биде единствен! Европа сега е премногу поделена, а Трамп дополнително ја заостри таа поделба. „Европа треба многу повеќе да застане на свои нозе“, се вели во извештајот на поранешниот италијански премиер Марио Драги. Мала надеж е тоа што Елон Маск, кој многу му помогна на Трамп со платформата „Х“, има потреба за европски пазар. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.