Пакистанската активистка Малала Јусафзаи присуствуваше во Белата куќа, на средба со претседателот Обама и неговата фамилија. Наскоро таа ќе се сретне и со британската кралица.
Малала, која пред една година беше застрелана од страна на Талибанците поради нејзината активност во барањата за едукација во борбата против тероризмот, откако го преживеа нападот, малата хероина стана борец за правата на девојчињата.
Нејзините гостувања во реномирани странски емисии, и инспиративните говори, ја направија фаворит за Нобеловата награда за мир, за која сепак признанието го доби Организацијата за спречување на хемиско оружје.
Обама и Мишел и се заглагодарија за напорите на малата Малала и ја поддржаа нејзината одлука да се бори за правата за школување на девојчињата“, се вели во соопштението од Белата куќа. И Малала му се заблагодарила на Обама за неговите напори да се смири ситуација на Блискиот исток и за помошта околу нејзината акција за подобро образование.