Малезија ерлајнс ја објави целосната листа на патниците кои загинаа во авионската несреќа во Украина пред два дена, откако авионот беше погоден со проектил, за кој про- руската страна во Украина тврди дека не е нејзино дело, и покрај обвинувањата од страна на меѓународната заедница, согласно фактот што тој дел е контролиран од про-руската страна.
Малезија ерлајнс објави дека ќе го повлече авионот MH17.
Во меѓувреме, не сопираат обвинувањата кон Русија од страна на меѓународната заедница. Последната изјава доаѓа од австралискиот премиер Тони Абот- “Русија не може да ги измие своите раце од ова”.