Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Mалезиски авион со 295 патници се урна во Источна Украина

0
By Нова ТВ on July 17, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 295 патници и 15 членови екипаж малезиски авион денеска падна во Источна Украина близу руската граница, а се погласни се обвинувањата дека е урнат објави Би-Би-Си. Сепак, и украинската влада и бунтовниците негираат дека авионот е соборен во регионот во близина на руската граница

Авионот на „Малезија ерлајнс“ сообраќал на релација од Амстердам до Куала Лумпур.

Десетици тела се расфрлани низ она што се верува дека се остатоци од авион во близина на селото Грабово јавува дописник на Ројтерс од Украина.

Контактот со летот MH17 е изгубен на 50 километри пред да влезе во рускиот воздушен простор. Тогаш авионот почнал да се спушта, а потоа бил откриен како гори на украинската територија.

Се верува дека руските сепаратисти собориле два украински воени авиона над истиот регион во последниве неколку дена.

Иако засега нема официјалното затворање на украинскиот воздушен простор, германската авиокомпанија „Луфтханза“одлучила да ги пренасочи четирите нејзини летови кои требале да сообраќаат преку Источна Украина.

Експерт за одбрана за Би-Би-Си изјавил дека за соборување на авионот на 10.000 метри (32.000 стапки) би биле потребни проектили со долг дострел земја-воздух, најверојатно водени од радар.

САД ќе има пристап до сателитски снимки кои треба да бидат способни да ги идентификуваат ултра-виолетови облаци доколку бил отпушен проектил на релација земја – воздух.


Мапа од релацијата на која авионот сообраќал

Украина ја обвини руската војска дека обезбедила напредни проектили за бунтовниците.

Малезискиот премиер Наџиб Разак, наводно изјавил дека покрената е итна истрага за несреќата.

Рускиот претседател Владимир Путин пак, веќе разговарал со неговиот американски колега, Барак Обама, по телефон за несреќата, се вели во соопштението на Кремљ.

„Рускиот лидер го информираше американскиот претседател за извештајот на контролорите на воздушниот сообраќај во кој стои дека малезиски авион се урна во Украина, а дојде непосредно пред нивниот телефонски разговор “, се вели во соопштението.


Фотографија од местото на несреќата


Летот MH17 го напуштил аеродромот во Амстердам, денеска претпладне.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.