НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малите луѓе пред големите порти на македонското здравство

0
By Менче Атанасова Точи on October 18, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имам една пријателка која повремено си ги кажува маките кај мене и многу сака да и се реши еден проблем, ама се плаши да не разберат за кого се работи, зашто државата ни е мала  и може да има проблеми. Таа жена живее во еден град во внатрешноста каде што има регионална Клиничка болница.  Но, во таа болница според кажувањето нема медицински потрошен материјал, односно протези за ортопедија.

Нејзиниот сопруг уште од минатата година требало да се оперира бидејќи како што му кажале му бил„изеден“ колкот. Отишол човекот  кај приватен ортопед да се консултира, а тој го упатил кај негов колега во болницата. Но, бидејќи таму немало материјали, лекарот му рекол дека треба да плати 24 000 денари за некој дел од вештачкиот колк. Патем, му напомнал дека тој ќе го упати од каде да го купи. Се вртел човекот, се думал, пари немал. Отишол во Фондот за здравство и прашал колку чини операција на вештачки колк. Од таму му одговориле дека треба да плати 6 400 денари.

Се вратил човекот кај приватниот ортопед, му раскажал се по ред, а тој му рекол дека во болницата се профитери и бела мафија. Ортопедот му рекол дека тој ќе му каже каде да се оперира. Го упатил во приватна болница каде што операција чини „само“2000 евра.

„Но, ние пари немаме“, потиштено му одговорил  човекот. Е, и за тоа има лек му рекол ортопедот. Му препорачал и банка каде што веднаш ќе му дадат кредит и полека да си го отплаќа.

Сопругот на мојата пријателка  со наведната глава излегол од кај приватниот ортопед. По неколку месеци повторно отишол во болницата, но сега веќе кај друг лекар кој му ја подгреал надежта. Требало само да се почека да заврши тендерот. И еве од пролетта како е распишан тендерот, се развлекувал со месеци и конечно завршил. Докторот му рекол дека ќе добиеле „дури“ 10 безцементни протези на тендерот,така да  не се секира, ќе го оперираат конечно после една година чекање.

Расположен сопругот на мојата пријателка што конечно се ближи крајот на агонијата, отишол пред  некој ден кај ортопедот. Таму го чекал нов шок. Лекарот му соопштил дека стигнале само пет протези, а тој како доктор не добил ниту една бидејќи  оваа годинава имал веќе има една операција на колк направено. За шест доктори, пет протези. Тогаш пациентот прашал: „И што сега“? Докторот ја наведнал главата и ги кренал рамениците. Паталецот му рекол дека ќе намине по една недела, на што докторот безнадежно му одговорил: „Како сакаш“.

Мојата пријателка вели дека нејзиниот сопруг цела година не оди на работа, а дома одвај преживуваат. Таман се надевавме  дека дошол крајот на маките, ама вели„далеку е“.

И ништо не и јасно. Во Фондот на сопругот му рекле дека протезата оди комплет и не се дели. Во болницата ги делат протезите и на кој како ќе му се падне, некој го купува делот што чини 24 000 денари, друг пациент го купува тој што чини 18 000 денари, а трет ги купува и двата. Некој од тоа дебело профитира, вели мојата соговорничка.

„Да знаев колку долго ќе трае ова ќе позајмев од некаде 24 000 денари и сопругот ќе беше опериран и веќе одамна ќе одеше на работа. Ќе земаше плата. Сиромавиот секогаш  плаќа повеќе “, ја заврши својата исповед мојата пријателка.

Настрана маките, болките и малтретирањето.  Туку, колку овој човек ја чини државата кога цела година не оди на работа, а е на боледување? Наместо да допринесува за своето семејство и да биде од корист на општеството тој е на товар на државата, не оди на работа цела година бидејќи не може да си го оствари правото на лекување, на операција. Каква држава сме ние кога работиме сами против себе?

Зошто ни се тогаш регионалните болници кои покриваат население од повеќе градови? Која е нивната функција? Замислете, регионална болница  распишува тендер за 10 протези, а одеднаш добива пет или пак можеби останатите пет се веќе резервирани за некого?  Страшно!

А, министерот Тодоров тврди дека се прави се што треба,  со како што вели, мудра стратегија.

„Немаме најдобар здравствен систем, но тој постојано се развива со мудра стратегија, се инвестира еднакво во сите негови столбови, во инфраструктура, опрема и во човечки капацитети“, рече Тодоров на саботната панел-дискусија на ВМРО-ДПМНЕ.

Ете, од таа негова мудра стратегија човекот остана без колк, не може да се оперира. А, знаете ли колку пациенти се имаат задолжено по банките, земаат кредити и се оперираат во приватните болници. За сметка на тоа лекарите на скопската Клиника за ортопедија седат со скрстени раце, не оперираат цела година бидејќи немаат медицински потрошен материјал, вештачки колкови, колена,штрафови, плочки, анестетици.  Лекарите велат дека поради овие причини се враќаат и пациентите со скршеници и дел од итните случаи, а за повредните од сообраќајни незгоди клиниката позајмувала медицински материјали на реверс од веледрогериите.

Ете, какво ни е здравството. Никакво! И не е во служба на граѓаните! Здравството е збирштина на партиски профитери кои се грабаат околу помалите тендери зашто големите се во рацете на Министерството за здравство. Здравство, во кое паталците остануваат пред вратите на болниците, а докторите кои сакаат чесно да работат се неми посматрачи. Само Тодоров зборува гласно кога го покажува „сјајот“ на македонското здравство пред големите екрани. Бедата не се гледа, таа е резервирана да остане зад камерите и далеку од очите на јавноста.

 

 

протези профитери Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.