Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малодушни, уплашени или корумпирани?

0
By Нова ТВ on March 25, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Зоран Ќука, новинар, Радио Слободна Европа

Кога другар ми Жика се запиша во средно хемиско во Скопје, онака мангупски велеше дека целта му е од г… да направи тулумба. Жика го заврши хемиското одамна, но никогаш не стана алхемичар. Затоа пак, во земјата македонска завладеа алхемија која успеа тотално да му го испере мозокот на просечниот човек, така што некогаш има смисла прашањето – дали отсекогаш сме биле такви или пак, такви не направија за релативно кусо време.

Како инаку, да се протолкува прифаќањето на сите големи и мали површни идиотски вредности, или некои нормални нештаза нормални земји, кои му се продаваат на нашиот сиромав народ како успеси на столетието, како света правда на која не смее ни прав да падне.

Да не споредуваме со Германија или некоја нордиска земја, тие се далеку по напред и од Чешка која е една од омилените дестинации на фамилијата на власт во Македонија. Е, па во таа Чешка некогаш и милионски инвестиции минуваат со помалку циркус отколку свечена промоција на телескоп на Водно или соларен полнач на батерии на плоштад Македонија.

Ах, Страхиле, пардон Драгане.

Која навреда на интелигенција е на пример министер или градоначалник да промовира карпа за искачување, бутки од ковано железо на плоштад или велосипеди за изнајмување.

Или министерот за транспорт на Република Македонија да не е случајно сопственик на чешката авионска компанија ЧСА па тој да ја промовира линијата Прага – Скопје. Па таа линија беше, па се укина па Чесите повторно решија да ја вратат во игра – фала им многу, оти на сите ќе ни користи.

Јас, од другава страна, не чув вест во Прага за таа работа, а во Скопје сите телевизии и весници јавија, сите пренесоа. Живи радости за големиот владини успех! Ало, па овде да се појави локален функционер да промовира карпа за искачување, па на карпа бре ќе го качат. Па таквите карпи ги монтираат во шопинг молови во петок и ги демонтираат во понеделник и никој функционер не се возбудува.

Или пак овие смешкиве со исти предизборни финти на партиско државната кампања на екс премиерот Никола Груевски кога се нареди со своите како Али Баба и 40 разбојници и со Стархил, всушност со Драган разговараа за пензионерското скијање, или пак кога со шпиц кондури шутира фудбал а функционери и околината му плескаат со неприродно широки насмевки.

Ах, Страхиле, пардон Драгане!

Нејсе, Жика, денеска можеби би рекол – зошто бе за ова ситново да се бунат, па овој народ
едвај крена глава против милионите што ги трошат за споменици, за мерцедеси, додека немаше пари за операции на пациенти, а бебиња и мајки умираа по болници.
Се насекира ли некој за редовните неделни задолжувања на владата. Не многу или не доволно – очигледно за посериозен протест пред министерството за финансии или владата!
Мрчаторите во илегала?

ОК, велат јака пропаганда – по цел ден ги гледаш продавачите на магла на партиските медиуми.Ама пак каде бре отиде она нашето да се мрчи, и во ништо да не се верува. Па кај се сите оние скопски, охридски, битолски скептици што по дифолт и за белото ќе думаат и ќе и најдат мана и на белината. Се сокрија ли под јорган планина дури не пројде невремево? Ми велат, дека илјадници избегаа по бел свет. Знам, ги гледам и тука од неколку стотини пред 15 години, повеќе илјади се направивме.

Велат владата си направи 200 – 300 илјадиклиентелисти од јавна администрација и пензионеритеза ситни пари и за викенд во бања и скијање на Шапка. Секој демек имал брат, внук, или близок што работел или требало да се вработи у администрација. Затоа мнозинство мрчи ама тивко за да не чујат душманите: Оние другите, се бунат,дигаат врева, ама малцинство се – се уште!
И така, драги мој Жика, ние не сме биле отсекогаш такви,туку такви не направија, овие и сега. Штета, а можеше и требаше многу подобро. А може ќе не биде пак, нели?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.