Манастирот Трескавец, познат како Света Богородица сместен е на десетина километри од Прилеп на падините под врвот Златоврв.
Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата Успение Богородично. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини Баба Бабуна и Кајмакчалан.
Се верува дека е изграден во XII век, односно XIII век. Неговата разновидна архитектура укажува на разни обновувања и уривања. Подоцна бил надограден во XIV век. Во црквата се зачувани значајни византиски фрески. Зачувани се и кујната и трпезаријата од XIV век.
Најпосетуван е за празникот Богородица на 28 август. Тогаш во манастирот се собираат голем број Варошани и Прилепчани да го означат овој празник.
Манастирот Трескавец е еден од најстарите манастири во Македонија. Тоа всушност го покажува и самата архитектура на црквата, која од страните има отвори, нешто што отсуствува во црквите од поновите христијански времиња.
Манастирот „Трескавец“ пред шест години се најде на списокот на стоте најзагрозени светски споменици.