-Би сакал да ја искористам оваа прилика да им изразиме голема благодарност на граѓаните на РМ за големата излезност. Граѓаните на Македонија покажаа дека ја сакаат Македонија, дека сакаат промени во државата, дека сакаат живот во Македонија. Исто така мораме да констатираме со голема жал дека старите навики на одредени групации блиски до власта продолжија и понатаму, навики со кои се обидоа да ги спречат граѓаните слободно да го изразат својот глас. Но исто така знаеме дека тие не се доволни за граѓаните на Македонија слободно да ја изразат својата волја, изјави потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на прес конференцијата одржана вднаш по затворањето на гласачките места во 19 часот.