– Деновиве сме сведоци на јавен оглас објавен од страна на Град Скопје за фонтана, лоцирана веднаш до фонтана на т.н. Воин на коњ.
– Оваа фонтана до фонтаната не е јасно колку пари ќе чини, но секако значително ќе го олесни буџетот на Град Скопје, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.
СДСМ смета дека средствата одвоени за новата фонтана можат многу попродуктивно да се искористат во ова време на криза во интерес на граѓаните на градот.
Во зависност од големината на инвестицијата од партијата предлагаат овие финансиски средства наместо за фонтаната до фонтаната, да се искористат проекти како изградба на средно училиште во општина Аеродром, во соработка со општината, изградба на нов мост на во Ѓорче Петров и изградба на фекална канализација во населбата Градинар, на територијата на општина Кисела Вода.