„Владата глуми дека не ги разбира пораките или ги спинува пораките кои не и одговараат. Македонија за жал во подолг временски период го загуби правецот кон евро атлантските интеграции“, вели Манчевски.
– Разликата е само во заострување на реториката што е резултат на нереализираните обрски од страна на Македонија, ова на денешната прес-конференција го изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.
>>Поповска бара Литванија да не врати во приоритетите
Амбасадорот на Литванија во Македонија, Ренатас Јушка вчера не ја ниту спомена Македонија во неговата презентација. Дополнително тој дури и детектираше загриженост и назадување во повеќе области.
>>Македонија не е проиритет на литванското претседателство
Има обиди да се претстави различна позиција на министерот за надворешни работи на Литванија и претседавач со Советот за општи работи (ГАК) на Европската унија, Линас Линкевичиус, кој пред две недели во Брисел вети дека неговата земја и тој лично ќе се задолжат за тоа Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ на Самитот на Европскиот совет во декември.
– Но, погледнете што тој лично изјавил дека побарал од премиерот Груевски со кого се сретнал неколку дена претходно:
„Со други зборови треба да има многу јасни сигнали дека Вашата земја е кредибилен партнер кој го испорачува договореното, кој се подобрува, го враќа процесот на колосек за да се осигура дека ЕК ќе ја повтори препораката“.
„Ние ќе се обидеме да помогнеме и олеснуваме, но „топката“ е кај вас и тоа е важно да се знае“, изјави на пресот потпретседателот на СДСМ, Манчевски.