Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манифестно владеење на правото

0
By Нова ТВ on April 3, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

Кога човек го чита Манифестот за Единствена Република Македонија објавен вчера од ВМРО-ДПМНЕ, добива впечаток дека македонскиот народ е најзагрозената заедница во Република Македонија. Со Манифестот се наметнува впечатокот дека Македонскиот народ не е мнозинство во државава туку е загрозен, ставен во опасност, и е на работ на уништувањето, кое, доколку итно и безрезервно не се прифати целиот манифест, сигурно ќе настапи. Манифестот повикува на спроведување попис, кој секако дека треба да се случи, и мислам дека ова е многу значајно за да се утврди уште еднаш дека македонскиот народ е мнозинство во земјава, и да ги смири малку стравовите кои нелогично и потсвесно извираат од ваквата логика на однесување на еден мнозински народ како малцинство во својата држава.

Не знам дали има уште една мнозинска заедница во било која држава која е толку “загрозена” како нашава. Не знам до кога таа логика дека мнозинството е жртва на малцинството ќе се наметне и упорно ќе се покажува како најголемиот проблем на земјата, кога всушност, целата земја ги трпи веќе цели 4 месеци сите можни каприци, нелогични и неразумни желби на една партија која иако доби значаен број на гласови, сепак истите не беа доволни да формира парламентарно мнозинство, па сега се обидува да ја наметне својата воља како апартхејд врз вољата на мнозинството граѓани на оваа земја.

Ниту еден народ не е загрозен во Република Македонија во овој момент и како резултат на последната политичка криза која ја живееме. Загрозена е само досегашната благосостојба на некои лица кои беспрекорно си се збогатувале незаконски со парите украдени од граѓаните, а сега на многу циничен начин се претставуваат како патриоти, загрижени за загрозеноста на македонскиот народ. Не, драги граѓани, ниту македонскиот ниту албанскиот ниту некој друг народ во моментов е загрозен. Оштетени се граѓаните на Република Македонија од лица на кои им се загрозува слободата како резултат на основани сомненија дека сториле тешки кривични дела.

Не е загрозена стабилноста на Република Македонија, туку е загрозен спокојот во кој досега живееја нечепнати тие што ги држеа и се уште ги држат конците на таа куклена претстава која досега ја нарекувавме држава. А таквиот начин на владеење, преку строга и сурова контрола на конците кои ги држат куклите во претставата, беше овозможено со целосно суспендирање на владеењето на правото и со селективното важење на Уставот и законите, според вољата на држачот на конците.

И ете, Манифестот зборува и за владеењето на правото, но и за неселективната примена на Уставот и законите. Во него пишува дека ВМРО-ДПМНЕ “Владеењето на Правото го смета за основен предуслов за успех на државата и поединецот во неа… Почитувањето на Уставното уредување и законите на целата територија, без селективност е предуслов за успешна држава. Културата на законитост и на почитување на законите, доверба во правниот поредок и лојалност кон државата се клучни за владеење на правото”.

Ме интересира, за кое владеење на правото се зборува во овој Манифест, за суспендираното владеење на правото што го наметна пред точно една година Иванов, кога ги потпиша тие 56 срамни аболиции кои имаа за цел да ја бетонираат одбегнувањето на одговорност за тешки кривични дела во оваа држава?

За кое владеење на правото се зборува, за одлуката на Уставниот суд од март 2016 што му овозможи на Иванов да донесе таква аболиција, која тој го основаше во непостоечки член на Законот за помилување? Тој самиот потврди во времето дека е точно дека начелото на владеење на правото е суспендирано, меѓутоа, тоа е направено со цел да се зачува стабилноста на земјата која, пазете, пак беше загрозена, де од внатре де од надвор, де од мигрантите де од Албанците, а никако не беше загрозена од криминалот кој лично тој се потруди да го помилува, дрско навлегувајќи притоа во ингеренциите на судството.

За кое владеење на правото зборува Манифестот? За состојбата во која 98% од барањата за притвор на СЈО се одбиваат од кривичниот суд? За состојбата во која и кога се прифаќа едно нејзино барање за притвор, како таа за Кочан, редовното Јавно обвинителство поднесува барање за укинување на истиот, додека пак лицето на кое притворот се однесува е во бегство?! За кое владеење на правото зборува Манифестот? За таквото владеење кое му овозможува на Груевски да оди два дена порано во конференција во Малта со цел да одбегне распит во СЈО за Титаник? Тоа не е владеење на правото, тоа е чисто самоволие и дрско поигрување со институциите на правото, и со Уставот и законите на оваа земја.

Во Манифестот се вели дека “Согласно Уставот, во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување. Индивидуалните права на граѓанинот, но и обврските, се пред се, а од нив се водиме кога креираме политики.” Ако е така, што се случува со обврската мирно да се пренесе власта на новото парламентарно мнозинство кое произлезе од вољата на граѓаните кои истата ја изразија на демократски избори чии резултати ВМРО-ДПМНЕ ги призна и ги нарече чисти како солза? За кој Устав се зборува, за тој кој вика дека Претседателот е должен да го предаде мандатот на тој кој има мнозинство или пак за некој друг, кој само и единствено ВМРО-ДПМНЕ е надлежен да го толкува?

За која воља на граѓаните се зборува, за оваа на 67 пратеници во Собранието, или за некоја идна состојба во која ВМРО-ДПМНЕ ќе го добијат тој бонус од 20 пратеници кои не успеале да ги добијат на избори, меѓутоа ќе им се подарат од системот, онака, затоа што се многу убави и паметни и заслужуваат многу повеќе од добиеното и затоа што животот не се покажал фер спрема нив?! Каде се видело тоа, да се добиваат бонус пратеници? Кои луѓе би прифатиле да бидат бонус, наместо претставници на вољата на граѓаните? За овој “изум” мислам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се пријави за добивање на Нобеловата награда за големи достигнувања за мирот и стабилноста во целиот свет. Сигурна сум дека многу на многу други автократи и диктатори би им се допаднала таа идеја, која ВМРО-ДПМНЕ би можела и да ја патентира и скапо да ја продава.

Владеењето на правото не функционира така како што функционираше досега партијата која сега го пишува овој Манифест. Владеењето на правото не е само слово на хартија, тоа е реалност која или постои или не постои. Не е доволно само да се кажува дека правото владее, не е доволно ни само да владее правото, туку мора истото и да се види дека владее. А ние сме светлосни години далеку од таа реалност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.