Славниот дизајнер на чевли Маноло Бланик во интервју за Гардијан ја побива изреката „Види му го чевлите на човека, за да му го дознаеш карактерот“.
-Мислам дека не може баш многу да се каже за личноста по чевлите кои ги носи. Првото нешто што јас го правам е поглед во очите, а потоа погледот го спуштам кон стопалата, вели тој.
Дизајнерот чии чевли станаа славни благодарение на серијата „Сексот и градот“ за Гардијан вели дека е свесен дека серијата многу го помогнала неговиот бренд. За себе вели дека иако изгледа екстравагантно, тој е сепак скромен човек, „како свештеник“ и ги носи истите алишта 40 години. Не верува во „креативните нагони“, туку само во напорната работа.
-Не верувам во креативниот процес и сигурно дека не седам опколен со фабрички ткаенини
чекајќи да добијам инспирација. Спијам многу малку, по пет часа и постојано цртам чевли. Секогаш така дизајнирам, вели Бланик.
Славниот дизјанер вели дека при дизјанот најважна му е удобноста на жените во неговите чевли. Додава дека ги мрази чевлите на платформа сметајќи дека „прават женската нога да изгледа толку погрешно“. Верува дека во животот е најважно да се однесувате достоинствено, да се облекувате пристојно, да бидете добри со другите луѓе и „нема да ви фали ништо“.